1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

250 полицајци ќе го „смируваат“ Амјен

СН/АМ/афп/дапд15 август 2012

По тешките судири меѓу младинци и полицијата, во Амјен, град во северна Франција, е стациониран дополнителен број полицајци. Во безредијата во ноќта кон вторникот повредени беа 16 полицајци.

https://p.dw.com/p/15pjC
Фотографија: picture-alliance/dpa

Со дополнителните, севкупно 250 припадници на полицијата се на лице место, соопшти француското министерство за внатрешни работи. Во безредијата во ноќта кон вторникот повредени беа 16 полицајци, а три објекти беа запалени, меѓу нив и зградата на едно основно училиште и на една спортска сала.

Ausschreitungen in der nordfranzösischen Stadt Amiens
Еден од запалените објекти во градотФотографија: Reuters

Повод за нередите очигледно била една полициска контрола на жител на проблематичниот кварт на Амјен, кој опасно возел со автомобилот. Причините се подлабоки и лежат во социјалните проблеми во регионот, каде владее голема невработеност. Стапката на невработеност во северна Франција имено е над просечната стапка во земјата. Пред само две недели Амјен од страна на француската влада беше прогласен за еден од 15-те региони кои треба да добијат посебна финансиска поддршка.

Избувнувањето на насилство во Амјен уште еднаш ги потсети Французите на нерешените проблеми во социјално лошостоечките предградија. Меѓутоа, не постојат големи надежи дека тие некогаш ќе бидат решени.