1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

233 загинати во пожарот во бразилската дискотека

СН/АТ/афп/дпа/дапд28 јануари 2013

Според последните информации бројот на загинати во пожарот што избувна во дискотека во Бразил изнесува најмалку 233 лица. Уште 117 лица се наоѓаат во болница.

https://p.dw.com/p/17SbE
Фотографија: Reuters

Најголем дел од жртвите во пожарот во дискотеката во бразилскиот град Санта Мариа страдале од задушување. Трагедијата, според првичните сознанија се случила откако музичарите на рок-бендот кој настапувал во дискотеката запалиле пиротехнички средства. Искрите веројатно ја потпалиле изолацијата на таванот на дискотеката, со што настанал високо-отровен чад. Покрај од задушување голем број луѓе загинале и во човечкото стампедо предизвикано од масовната паника која настанала во дискотеката. Очевидци јавуваат дека во објектот не функционирале противпожарните апарати. Полицијата истотака истражува дали по избувнувањето на пожарот биле отворени доволен број излези за итни ситуации во дискотеката. Во моментот кога избувнал пожарот во клубот имало околу 500 посетители.

Brasilien Santa Maria Brand Diskothek Präsidentin Dilma Rousseff
Претседателката на Бразил, Дилма Русеф се сретна со преживеаните во пожаротФотографија: Reuters

Бразилската претседателка Дилма Русеф го прекина учеството на самитот на претставниците на 27-те земји членки на Европската унија и Заедницата на земјите од Латинска Америка и Карибите што се оддржуваше во чилеанскиот главен град Сантијаго и се упати на местото на трагедијата. Таа ги посети преживеаните и им изрази сочувство на роднините на загинатите во пожарот во универзитетскиот град.