22 загинати во нападот во Манчестер | Свет | DW | 23.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

22 загинати во нападот во Манчестер

Полицијата соопшти дека експлозијата на концертот на американската пејачка Аријана Гранде во Манчестер била предизвикана од импровизирана експлозивна направа, која едно лице ја носело на телото.

Полицијата во британскиот град Манчестер потврди дека во експлозијата која се случи доцна вечерта на крајот од концертот на Аријана Гранде, загинале најмалку 22 лица додека преку 50 се повредени. Меѓу загинатите како што беше соопштено има и деца. На голем број полесно повредени лица лекарска помош им била укажана на лице место. Полицијата го третира инцидентот како терористички напад.

Шефот на полицијата во Манчестер, Јан Хопкинс изјави дека се верува оти нападот го извршило едно лице. Напаѓачот загинал во концертната арена во експлозијата предизвикана од домашно направена експлозивна направа која тој ја носел на телото, истакна Хопкинс.  Тој ја повика јавноста да остане будна и да пријавува какви било сомнителни активности на полицијата.

Гледај видео 01:12

Хорор вечер во Манчестер

Инаку експлозијата се случи околу 22:30 минути според локално време, додека американската пејачка ја изведувала својата последна песна на концертот.

„Скршена. Од сето срце, многу ми е жал. Немам зборови“, напиша Аријана Гранде на социјалната мрежа Твитер, неколку часа по несреќата. Таа не е повредена во експлозијата.

Арената во Манчестер на својата официјална страница напиша дека експлозијата се случила пред салата додека публиката си заминувала од концертот. Очевидци пак говорат дека експлозијата се случила во фоајето на концертната сала. Јавниот сообраќај по експлозијата беше цеосно запрен, а такси службите на граѓаните им нудеа бесплатен превоз.

Во Велика Британија во сила е „сериозно“ ниво на терористичка закана, што значи дека терористички напад се смета за многу веројатен. Никој досега не ја презеде одговорноста за експлозијата во Манчестер.

Британската премиерка Тереза Меј соопшти дека владата работи на утврдување на сите детали, на „она што полицијата го третира како терористички напад“. Таа денеска треба да одржи итна седница со владиниот комитет за вонредни ситуации. Меј и останатите политичари, веднаш ги запреа сите активности во рамките на кампањата за вонредните парламентарни избори во земјата, кои треба да се одржат на 8 јуни.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама