1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Friedensabkommen für Mazedonien unterzeichnet
Потпишување на Рамковниот договор, 13.08.2001 година (од л. кон д.): Арбен Џафери, Љубчо Георгиевски, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски, Имер ИмериФотографија: Vlatko Perkovski/dpaweb/dpa/picture-alliance

21 година Рамковен договор

ЕМФ | МИА
13 август 2022

Претседателот Пендаровски порача дека со Рамковниот договор се зачувале суверенитетот и интегритетот на земјата и се поставиле темелите за уставни и законодавни измени со кои се гарантираат правата на етничките заедници.

https://www.dw.com/mk/21-godina-ramkoven-dogovor/a-62797880

Клучните придобивки од Рамковниот договор беа зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата, оценува македонскиот претседател Стево Пендаровски по повод 21-годишнината од потпишувањето на договорот во Охрид. Според Пендаровски, со договорот „се поставија и темелите за уставни и законодавни измени со кои се гарантираат правата на помалубројните етнички заедници“:

„Во изминатите 21 година, меѓу другото и преку имплементација на Рамковниот договор, станавме членка на НАТО, а, добивме статус на кандидат и ги отворивме преговорите со Европската Унија. Во тој процес изградивме модел на функционална мултиетничка демократија која ги зачува мирот и стабилноста и постави највисоки стандарди за правата на заедниците. Денес, кога сведочиме на војна на европско тло и кога живееме под притисокот на старите и новите безбедносни закани мораме секогаш пред очи да го имаме еден од основните принципи на Рамковниот договор со кој употребата на насилство заради постигнување на политички цели се отфрла целосно и безусловно, затоа што само политички решенија и дијалог можат да гарантираат стабилна и демократска иднина.“

Претседателот Пендаровски бара сите напори во иднина да се насочат кон „многу посилен економски развој, квалитетно образование и здравство, и здрава животна средина, во која ќе постојат сите претпоставки за секој наш граѓанин да ги реализира своите амбиции и потенцијали“.

Friedensabkommen für Mazedonien unterzeichnet
Потписи на Рамковниот договор во 2001 година ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју (архивска фотографија)Фотографија: Vlatko Perkovski/dpaweb/dpa/picture-alliance

Одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор започна во Маврово со доделување на сертификати за учесниците на Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ од страна на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. Во обраќањето на свеченоста Груби посочи дека придобивките од Охридскиот договор се видливи во концептот еднакво општество за сите.

- повеќе: Фрчкоски: Охридскиот договор е успешен, а сѐ уште „неразбран“

Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година, во претседателската резиденција на Водно, во Скопје, од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Членството во Европската политичка заедница не е замена за членството на С.Македонија во ЕУ, во повеќе наврати беше нагласено во Брисел

Прашки самит, европска зима и македонски очекувања

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница