2020: Како пандемијата ги промени културата и уметноста | Панорама | DW | 31.12.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

2020: Како пандемијата ги промени културата и уметноста

Пандемијата на коронавирусот особено тешко ги погоди уметноста и културата. Сега театрите, кината и музеите се обидуваат да се справат со рестрикциите и затворањата - како знаат и умеат.

BdTD | Symbolfoto Schild Kunst und Kultur in der Corona Krise an einem Koelner Kino

Едно германско кино среде пандемијата предупредува: „Културата не е сѐ, ама без култура сето е ништо'

Локдаунот го уништи уметничкото творештво. „Охрабрувачките“ зборови на политичарите дека „сцената“ ќе најде некои креативни решенија во таа ситуација, звучеа прилично празно. Многу уметници и уметнички институции се најдоа во финансиски вакуум. Има луѓе како актерот и пеач Том Шилинг, кој рече дека „во екстремни ситуации или трагедии чувствува извесна радост“ и оти пролетниот локдаун „просто му дал крилја“. Но, поголемиот дел од нив сепак не уживаат во ситуацијата и се обидуваат на различни начини професионално да преживеат.

Концерти

„Хигиенски концепт“- тоа е еден од поимите кои ја одбележаа уметноста „во живо“ во 2020 година. Станува збор за услови во кои по пролетниот локдаун почна одржувањето на концерти. Концертните сали, но и просторите на отворено се отворија, но за многу помал број гледачи од вообичаено, со носење маски и држење растојание.

Гледај видео 01:05

Симфониски концерт од покривите на висококатници

Повеќе:

-Студија: Kонцерти се можни и за време на пандемија

-Силата на уметноста во време на општиот корона-карантин

-И во време на пандемија на Ковид-19 „Охридско лето“ ќе има

Таквите концерти предизвикаа реакции на воодушевување, бидејќи публиката беше желна за заедничко уживање во музиката. Куќите како Хамбуршката филхармонија направија посебни програми на изведби за да се избегне секаков контакт меѓу гледачите на различни концерти. Но, проблемот е во тоа што изостана каква било релевантна заработка.

Во живо - на интернет

Гледањето филмови или концерти на интернет во реално време е поомилено од кога било. „Нетфликс“ како сервис кој го овозможува тоа забележа вистински бум. Но, има и други примери. Набрзо по почетокот на локдаунот, берлинските клубови се договорија настаните кои ги организираат да ги пренесуваат на интернет.

Така диџеите во клубовите ги изведуваа своите програми, пред празни подиуми за танц. Слично постапија и многу оркестри ширум светот.

Славниот пијанист Игор Левит пренесуваше концерти од својата дневна соба, а уметникот Александар Искин монтираше камера благодарејќи на која гледачите на интернет за време на 50 дена можеа да ја следат неговата работа.

Гледај видео 01:27

Графити за успех против невидливиот непријател

Виртуелна реалност

Градскиот театар во германскиот град Аугсбург ги снимаше своите претстави во техника која овозможува тродимензионално гледање од дома, со помош на специјални 3Д-очила. Тоа е можно и како директен пренос, а очилата можат да се изнајмат директно од театарот, и за цела сезона 2021.

Тука постои дури и малку „додадена вредност“ - можност на виртуелно гледање од секој агол, бидејќи станува збор за техника која покрива комплетен простор од 360 степени. И музеите почнаа да нудат сервис во вид на виртуелно разгледување на експонатите.

Коронавирусот во уметноста

Настаните по прогласувањето на пандемијата секако станаа и мотив на уметниците. Куќата на уметности во Бергенц уште летоска ги повика сликарите и вајарите на свој начин да одговорат на темата „Незаборавно време“.

Некои испратија дела инспирирани од актуелната криза, а некои, пак, постари дела кои се вклопуваат во темата.

Гледај видео 01:13

Корона-концерт пред преполна сала

Речник

И јазикот е култура - сите големи социјални настани наоѓаат свој одраз во речникот со кој се служиме. „Хигиенски концепт“, „карантин“, „епидемиологија“, на пример, се зборови кои постоеја и пред коронавирусот, но нивната употреба во 2020 година стана хиперинфлаторна.

„Аеросоли“, „суперспредер“ „зум-забава“, „локдаун“, но и зборовите како „ковидиот“ и „пландемија“, станаа израз на одредена состојба, став или пак саркастични описи на ситуацијата.

Гледај видео 01:31

Поп-концерт како корона-експеримент: Во очекување на резултатите

 

Реклама