2020: Иднината е сега! Време е за нови утопии! | Свет | DW | 25.01.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

2020: Иднината е сега! Време е за нови утопии!

Штети во животната средина, бедни социјални системи, недоволно живеалишта- нашите структури се дојдени до своите граници, економски, еколошки и општествено. Има ли алтернативи? Какви би биле новите, конструктивни утопии?

2020 во минатото за многумина беше синоним за иднината којашто некои си ја замислуваа поблескава, други пак помрачна. Како и да е, таа иднина нѐ стаса!

Дали сме добро позиционирани за неа? Секојдневните страшни вести не звучат така: климатски промени, штети во животната средина, колапс на сообраќајот, бедни социјални системи, безработица, миграција заради сиромаштија, недостиг од живеалишта - листата би можела да се продолжи за многу точки.

Проблемите се глобални. Сеедно дали во Џакарта, Лагос, Кауро, Лос Анџелес, Париз - сѐ се тоа сосем различни и далечни места, но големите предизвици секаде се слични.

Religion Apokalypse Weltuntergangstheorie (picture alliance/landov)

Ниту стравични сценарија ниту игнорирање ќе не’ однесат напред

Нема решенија од вчера за предизвиците од утре

Светот со нам добро познатите структури економски, еколошки и општествено е на крајот на работ или одамна го има пречекорено.

А, што ние преземаме против тоа? Го репарираме системот. Коригираме и оптимираме и тоа отсекогаш било така.

На пример, сега се обидуваме да го замениме моторот на согорување со електричен. Многу скап и комплициран план кој на крајот служи само за тоа индивидуите да ги однесе наутро од точка А до точка Б и навечер да ги врати во обратен правец.

Нели би било ли попаметно да размислиме зошто секојдневно патуваме? Зошто милиони луѓе секој ден навалуваат во канцеларии во градското јадро кои преку ноќ се празни. Се наоѓаат на најдобри места во центарот, каде лица кои имаат нормални приходи одамна не можат да си дозволат да живеат.

Дури и да користиме средства на јавниот превоз, предизвикот останува голем, бидејќи севкупниот сообраќај во шпицот е на работ на капацитетите. Мора ли нештата да бидат и останат така?

Deutschland Stau in München (picture-alliance/dpa/S. Hoppe)

Наутро од А до Б, навечер од Б до А - има ли попаметни решенија?

Само момент!

Друг пример: најдоцна кон средината на веков според проекциите на ООН две третини од светската популација ќе живее во градовите. Проблемите кои настануваат со населувањето во градовите нѐ тангираат сите, без разлика каде живееме.

Истовремено, тенденцијата со години, особено во големите градови, е да се намалува бројот на домаќинства кои бројат повеќе членови. Секој втор дом е домаќинство од едно лице, бидејќи животниот век ни е сѐ подолг и сѐ помалку се врзуваме со други луѓе. Како ја третираме ваквата состојба? Кои би биле алтернативите?

Или: се жалиме на масовното одгледување животни и резистентноста на антибиотици што настанува на тој начин, како и на загадувањето на почвата и водите со јаглерод диоксид и сечата заради производство на храна. Па, сепак, се држиме и натаму до конвенционалното земјоделие. Не постојат ли поодржливи идеи, кои истовремено ќе ги задоволат и земјоделците и корисниците?

Großbritannien | Samsung KX50: The Future In Focus (picture alliance/empics/Samsung)

Се бараат креативни решенија- најдоцна до 2050 година две третини од луѓето ќе живеат во градовите

Што да се преземе?

Досега ги третиравме симптомите, без да се зафатиме во костец со причините. Ги репарираме проблемите од минатиот век со решенијата од минатиот век. Но, тоа сѐ поретко ни успева, бидејќи проблемите стануваат сѐ покомплексни.

Време е да се ревидираат структурите од минатото столетие и можеби да се најдат сосем нови, подобри решенија.

Редакцијата за наука на ДВ токму тоа си го зацрта како цел за 2020-та година: да пренесува идеи и предлози за решенија од најразлични области кои имаат потенцијал и да скицира конструктивна, односно остварлива утопија. Како би можела да изгледа работата, мобилноста, исхраната, комуникацијата, медицината, животниот простор и соживотот во иднината?

Можеме и подобро!

Иако веќе има некои обиди за промени кои ветуваат, за огромните економски, еколошки и општествени проблеми досега не е најдено решение и тоа мора да си го признае секој што е реален.

Deutschland Fridays For Future in München (picture-alliance/NurPhoto/A. Pohl)

Само велосипедисти кои се хранат вегански се спасот за планетата?

Сакаме да изградиме „смарт свет", се сметаме за извонредно интелигентни, но всушност не си ги поставуваме вистинските прашања. Робуваме на размислувањата од 20-тиот век и изнаоѓаме илјадници причини зошто нештата се такви какви што се и не можеле да бидат поинакви.

„Не може поинаку! Колегите мора да си работат во канцеларија! Ќе биде добро! Кој ќе ја продава стоката? Кој ќе ги чисти улиците?" И така натаму.

Повеќе:

Фотографија на денот: Добредојдовте во иднината

Зелените автомобили се иднината

Луѓето забрзано ја трошат планетата Земја

Живот вреден за живеење

Но, тоа не е поентата и особено не станува збор за забрани или романтично „враќање кон природата". Не мора сите да работиме од дома, да живееме како вегани на село и да се возиме само со велосипед. Тоа е нереално бидејќи за повеќето е непожелно.

А, она што не го сакаме, не го правиме доброволно. Присила и забрани можеби се ефективни, но секако има поатрактивни решенија со кои животот и работата повторно би станале попријатни.

2020 - иднината е сега! Потребни ни се нови, конструктивни утопии! Затоа сакаме да им отстапиме простор на градските планери и аналитичари на иднината, експерти за земјоделие и политичари, визионери и креативци за да кажат како би можеле да изгледаат подобрите структури и решенија. Изнаоѓањето алтернативи е мачно и полно предизвици, но ќе ни се исплати!

Реклама