2016. за среќа заврши, но внимавајте, претстои 2017! | Свет | DW | 02.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

2016. за среќа заврши, но внимавајте, претстои 2017!

Во 2017. Европејците мора да бидат силни. Оваа година би можела да се претвори во трка со пречки од кризи и катастрофи.

Јануари

На почетокот на месецот британскиот Врховен суд ќе одлучи дали и во колкава мерка, британскиот парламент ќе мора да се вклучи во владините одлуки за Брегзит. Со таа одлука воедно ќе биде јасно колку слобода ќе има премиерката Тереза Меј при излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.

На 20. јануари официјално на должноста претседател на САД ќе стапи Доналд Трамп, кој со својот кабинет на милијардери ќе го стави под знак прашање континуитетот на светската политика. Неговите критичари стравуваат дека неговиот недостаток од политичко искуство и наклонетоста кон тоа „да ги промеша картите“ би можеле да создадат безбедносни проблеми. Само неговите приврзеници веруваат во позитивни изненадувања.

Фавруари

Шефовите на држави или на влади на Европската Унија (без Велика Британија) се состануваат во Малта за да расправаат за иднината на ЕУ по Брегзит. Досега меѓутоа не можеше да се чуе никаква занимлива идеја. Сето упатува на едно нешто : „Да продолжиме вака натаму“. Освен околу стравот од распад на ЕУ не ја поттикне Ангела Меркел на дејствување. Но, таа едвам и да има партнери во рамките на Унијата: државниците на Холандија, Италија и Франција во моментов се малку „троми“.

Март

На средината на месецот Холанѓаните избираат нов парламент. Според резултатите од анкетите партијата на десничарскиот популист Герд Вилдерс би можела да стане најсилна политичка опција. Вилдерс води радикална борба против исламот, доселениците и Европа. Негов јунак е рускиот претседател Владимир Путин. Меѓутоа, на Вилдерс, дури и ако освои, како што предвидуваат анкетите, 25 насто од гласовите, ќе му бидеат потребни уште две партии за коалицирање за да може да дојде на власт. Не е многу веројатно дека тој ќе може да придобие уште две партии. По овие избори формирањето влада ќе биде во најмала рака тешко.

Niederlande Prozess Geert Wilders (picture-alliance/AP Photo/P. Dejong)

Герт Вилдерс

На 25. март во Рим се прославува 60. роденден на Договорот за основање на Европската економска заедница (ЕЕЗ), која подоцна прерасна во Европска Унија. Тој датум би требало да испрати порака на доверба и надеж- досега никој меѓутоа не знае од каде треба да стигне тој оптимизам.

Приближно во истото време британската премиерка Меј ќе го започне процесот  на истапување од ЕУ во согласност со членот 50 од Договорот за ЕУ. Брегзит е досега најголемото тест за опстанокот на Унијата. Но, во меѓувреме сѐ повеќе се покажува и оти оние кои се залагаа за Брегзит, масивно ги потценија последиците и тешкотиите на излегувањето од големото европско семејство. 27-те членки на ЕУ официјално ги одредија своите правила на постапување, но некои веруваат дека Брегзит ќе остане заглавен во правна и бирократска кал.

Април

На крајот на месецот Французите излегуваат на избирачки места: се одржува првиот круг на претседателските избори. Засега изгледа дека конзервативните републиканци на чело со Франсоа Фијон и десно-популистичкиот Национален Фронт на чело со Марин Ле Пен би можеле да ги освојат првите две места. Обидите на социјалистите и на независниот кандидат Емануел Макрон од изборната трка да го истиснат Националниот фронт не ветуваат успех. Двајцата победници во првиот круг потоа се и конечни кандидати за вториот круг избори две недели подоцна.

Kombobild Marine Le Pen und Francois Fillon

Марин Ле Пен и Франсоа Фијон

Мај

Вториот и одлучувачки круг на француските претседателски избори се одржува на 7. мај. Се очекува републиканскиот кандидат јасно да победи против десничарската популистка Марин Ле Пен. Франсоа Фијон игра на картата на социјалконзервативните вредности, го фали патриотизмот и ја воздигнува важноста на семејството. Но: во ЕУ загриженост предизвикува неговата наклонетост кон Владимир Путин. Освен тоа гласови би можела да го чини неговата приврзаност кон реформи „ала Тачер“. Доколку Французите сепак се одлучат за Марин Ле Пен и нејзиниот десничарски популизам, Европската Унија би можела да биде готова. Излегувањето на втората најсилна земја и историски партнер на Германија од ЕУ не би можело да се издржи.

Јуни

Во Италија би можело да има предвремени избори откако социјалистот Матео Ренци во декември даде оставка поради тоа што граѓаните на Италија на референдум се изјаснија против уставни реформи. Оттогаш на власт е преодна влада. најновите анкети, спроведени на самиот крај на 2016 година, покажаа дека во изборната трка води движењето на Бепе Грило: Пет ѕвезди.

Beppe Grillo Turin Five Star Movement Italien Referendum (Getty Images/AFP/M.Bertorello)

Бепе Грило

Ова движење нема политичко искуство на власт, евроскептично е и полага во непосредна демократија. Но, сега и во движењето Пет ѕвезди се забележени први корупциски скандали, така што Италијанките и Италијанците имаат време до лето да го променат своето мислење. Притоа преголемиот долг на Италија и натаму ја загрозува еврозоната, а политичката нестабилност пак Европската Унија.

Летна пауза

Септември

Германија избира нов парламент. Судејќи според досегашната состојба, сето упатува на тоа дека по изборите повторно ќе биде формирана влада на чело со Ангела Меркел и со коалиција чиј состав уште не е изгледен.  Дека десничарско-популистичката Алтернатива за Германија притоа би можела да игра голема улога, важи како малку веројатно.

CDU Bundesparteitag nach Merkel Wiederwahl (Reuters/K. Pfaffenbach)

Ангела Меркел

Германската канцеларка во меѓувреме се смета за спасителка на Европа, а некои дури ја сметаат и за спасителка на Западот. Многу нешта зависат од демократската стабилност и од економската сила на Германија. Меркел како сидро во несигурниот свет. Од неа се очекува навистина многу.

И што уште не очекува во 2017 година:

Бегалската криза не е завршена. Во текот на годината мора да се пронајдат решенија кои некако функционираат.

Војната во Сирија ќе продолжи Целиот тој регион ќе остане нестабилен.

Односите со Турција веројатно ќе станат уште понапрегнати.

Во Грција финансиската криза и натаму е на дневниот ред. Веројатно ќе има предвремени избори и победата на конзервативците важи како веројатна.

Ќе има и натамошни терористички напади, без оглед дали ќе идат управувани од Исламска држава или за нив ќе бидат заслужни „волци самотници“.

Владимир Путин останува опасен: тој ќе ги помага популистите, ќе влијае врз изборите преку сајбер-напади и ќе го дестабилизира Западот.

Брегзит ќе се погрижи за лошо расположение меѓу Велика Британија и ЕУ и ќе биде постојан тон во заднината на европската година. 

Претседателот на САД, Доналд Трамп ќе се погрижи за изненадувања кои нашиот свет би можеле да го завртат на глава.

А каде е она позитивното?

Ќе дозволиме да не изненади нешто добро, што сѐ уште не можеме да го замислиме.

 

Реклама