200 години од компонирањето на „Тивка ноќ” | Панорама | DW | 24.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

200 години од компонирањето на „Тивка ноќ”

Во Австрија се одржуваат серија изложби посветени на 200-годишнината од компонирањето на познатата божиќна песна „Тивка ноќ” која прв пат јавно била испеана на 24 декември 1818 година.

Текстот на „Тивка ноќ” е пишан од свештеникот Јозеф Мор (1792-1848) во Маријапфар. Две години подоцна Мор бил префрлен во друга парохија, во Оберндорф, каде што го замолил локалниот учител Ксавер Грубер (1787–1863) да компонира музика за неговата поема.

Директорот на музејот во Салцбург и австриски историчар, Мартин Хохлајтнер истакнува дека „Тивка ноќ” од тогаш е „една од најпеените песни од страна на христијаните ширум светот."

Текстот е преведен на речиси 300 јазици и дијалекти, што покажува дека „песната секаде ја прифаќаат како своја," додава Хохлајтнер, поради што таа е своевиден бренд.

Австријците се без дилеми горди дека меѓународниот хит е напишан во нивната татковина, иако треба да се напомене дека Салцбург каде што настанала песната, во тој период од историјата бил час дел од Австрија, час од Кралството Баварија.

Песната е светско културно наследство

Австриската комисја на УНЕСКО песната „Тивка ноќ” ја става на листата културно наследство на земјата. Фактот дека постојано е инспирација за изложби и дека играла улога и во политиката во периодот меѓу двете војни во 20тиот век исто така придонел за тоа да се најде на листата, вели Хохлајтнер.

Двесте годишнината од песната се прославува со мјузикл и нова книга посветена на песната, како и со апликација и со 600 настани поврзани со неа.

Сите локации кои се поврзани на некој начин со Мор и Грубер, се вклучени во настаните за одбележување на јубилејот. Некои од веќе постоечките музеи кои биле посветени на работата на двајцата автори, беа реновирани или проширени за поводот. Секоја локација има своја улога во раскажувањето на приказната за „Тивката ноќ".

Вклучени се 9 музеи

Црквата во Оберндорф, селото каде прв пат била испеана „Тивка ноќ”, било уништено во 1906 година. Истоимена капела била изградена во 1906 година на поранешната локација на црквата. Музеј бил основан во рамките на црквата. Таму е претставена приказната на божиќната песна, но и културата низ историјата и тешките услови во кои живееле луѓето во тоа време.

Музејот во Салцбург, родното место на композиторот Грубер, е домаќин на современа изложба во која е претставена песната и нејзината порака. Таа е поделена на шест оддела инспирирани од секоја строфа на песната.

Гледај видео 01:42

Тивка ноќ, света ноќ

Во музејот на „Тивката ноќ” во Халајн каде Грубер долго живеел и работел, посетителите на посебен начин се запознаваат со животот и делото на композиторот. Таму може да се види и оригиналната хартија на која била испишана композицијата, како и гитарата на композиторот. Друг хајлајт е документ во кој Грубер детално ја опишува приказната на песната.

Севкупно девет музеи во различни градови учествуваат во програмата наречена „200 години Тивка ноќ, пораката за мир во светот испратена од Австрија." Заедничката изложба беше отворена на 29 септември 2018 и ќе трае до 03 февруари 2019.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама