2 милиони починати од Ковид-19: Гутереш ја критикува „несолидарноста“ при вакцинацијата | Свет | DW | 16.01.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

2 милиони починати од Ковид-19: Гутереш ја критикува „несолидарноста“ при вакцинацијата

Генералниот секретар на ОН, ја критикува нерамномерната дистрибуција на вакцините. За разлика од богатите земји, земјите во развој немаат пристап до нив. Гутереш зборуваше за „успех на науката, но пораз на солидарноста“.

Од почетокот на пандемијата, повеќе од два милиони луѓе починале откако биле заразени со коронавирусот. Тоа произлегува од податоците на Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор,објавени синоќа. Досега има повеќе од 93 милиони потврдени инфекции од вирусот ширум светот. Експертите претпоставуваат дека бројката на заразени е далеку поголема поради непријавените случаи.

Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш освнувајќи се на информацијата за два милиони смртни случаи од Ковид-19 како срцепарателна пресвртница. Во видео порака тој истакна вели: „Зад овој вознемирувачки број стојат имиња и лица: насмевката што е само спомен, вечно празниот простор на трпезариската маса, просторијата во која одекнува тишината на некој близок“. Гутереш критикуваше дека смртоносните ефекти од пандемијата се влошиле поради недостаток на координирани глобални напори.

Гутереш, го повика светот да покаже поголема солидарност, во моментот кога повеќе од два милиони луѓе починаа од коронавирусот, за да се обезбеди достапност на вакцината за сите земји.

Повеќе:

-Бајката за рамномерна распределба на корона-вакцините

-Коронавирус: ЕК поддржува сертификати за вакцинираните

-Можам ли и по вакцинирањето да ги заразам другите?

Тој во видео пораката порача дека владите се одговорни да го заштитат народот. „Науката напредува, но солидарноста опаѓа“, предупреди тој. 
Гутереш додаде дека особено водечките светски економии имаат одговорност да ја поддржат програмата Ковакс на Светската здравствена организација за купување и дистрибуција на вакцините против коронавирусот за најсиромашните луѓе во светот.

Тој ги повика богатите држави да го поделат вишокот дози од вакцината кои „би помогнале итно да се вакцинираат сите здравствени работници во светот и да се заштитат здравствените системи од пропаѓање“.Њујорк им понуди вакцинација на луѓето над 65 години, а 71-годишниот Гутереш би требало да се вакцинира наредната недела, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дижарик.


 

 

Реклама