1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

19 загинати по масовната паника на „Љубовната парада“

25 јули 2010

Германската полиција денеска (25.07.2010) објави дека според најновите податоци најмалку 19 луѓе загинаа, а повеќе од 300 се повредени во масовната паника што вчера изби на техно фестивалот „Љубовна парада“ во Дуизбург.

https://p.dw.com/p/OU4r
Фотографија: AP

Според последните податоци , уште најмалку 20 до 30 млади луѓе се борат за живот. Толпа луѓе во тунелот низ кој се влегува на поранешната товарна железница каде се одвивал фестивалот, предизвикала стампедо во кое што учествувале млади луѓе. Фестивалот што собрал околу 1,4 милиони луѓе не бил прекинат веднаш, затоа што полицијата стравувала дека прекинот бил предизвикал уште поголема паника.Спасувачките екипи тешко се пробивале низ масата, собрана на еден од најголемите фестивали на електронска музика во Европа, а посетители имало од сите континенти.

Loveparade Duisburg 2010 Massenpanik
Луѓето се спасуваа како знаејаФотографија: AP

Канцеларката Меркел длабоко потресена

Полицијата се обидела да го затвори влезот во тунелот половина час пред стампедото, но најверојатно некои од посетителите се обиделе да влезат качувајќи се преку оградата, што засега е претпоставка на спасувачките екипи дека тоа ја предизвикало паниката.

Германската канцеларка Ангела Меркел во првичната реакција порача дека е длабоко потресена поради несреќата во Дуизбург. „Во овој тежок момент мислам на семејствата на жртвите и им изразувам сочуство. Тие млади луѓе дојдоа да се забавуваат...“, истакна Меркел.

Автор:СН/дв/макфакс

Редактор: Горан Чутановски