1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

18 заспани работници настрадаа на автопат во Индија

28 јули 2021

Најмалку 18 фармерски работници, кои спиеле покрај автопат, настрадаа при сообраќајна несреќа, други 19 се повредени.

https://p.dw.com/p/3yCJW
Indien LKW Unfall mit Bus
Фотографија: Sumit Kumar/AP/picture alliance

Како што соопштил полициски претставник за германската новинска агенција ДПА, земјоделските работници патувале со автобус од двете големи аграрни сојузни индиски држави, Пенџаб и Харијана, во нивната сиромашна држава Бихар, оддалечена преку илјада километри. Поради дефект на автобусот, возачот го паркирал возилото на работ на автопат, а патниците легнале да спијат во близината. Според полицијата, доцна синоќа товарно возило кое се движело со голема брзина удрило од назад во автобусот, кој при превртувањето паднал врз заспаните луѓе. Полицијата и спасуваките екипи ги извлекле настраданите од под автобусот.

На индиските автопатишта, кои се во исклучително лоша состојба, според владини податоци годишно умираат околу 150.000 луѓе во сообраќајни несреќи. Главни причини се најчесто пречекорената брзина и непридржување на безбедносните правила како прикачување заштитен појас.