1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

15 повредени во експлозија во ресторан кај Торонто

СН/ агенции
25 мај 2018

Сѐ уште не се познати точните околности на детонацијата во ресторанот со индиска храна. Полицијата трага по две лица, кои побегнале од местото на експлозијата, која се случи во едно предградие на канадската метропола

https://p.dw.com/p/2yIqK
Kanada Mississauga Explosion in indischem Restaurant
Фотографија: Reutes/M. Blinch

Според спасувачките екипи, најмалку 15 лица се повредени при експлозијата на бомба во близина на канадската метропола Торонто. Три од нив се во критична состојба и биле префрлени во болница. Останатите 12 лица претрпеле полесни повреди, соопштија болнички извори. Инцидентот се случи во индиски ресторан во предградието Мисисуга, во провинцијата Онтарио, соопштија властите. Канадската полиција соопшти дека експлозијата била предизвикана од „импровизирана експлозивна направа“

Kanada Mississauga Explosion in indischem Restaurant
Фотографија: picture-alliance/ZUMA Wire/V. Biro

Полицијата трага по двајца млади луѓе кои избегале од местото на настанот кратко време по детонацијата. Мотивот за нивното бегство сѐ уште е нејасен. Спасувачките екипи беа повикани во ресторанот, кој се наоѓа во трговски центар околу 22:30 часот по локално време. Полицијата истакна дека веќе нема опасност за јавноста. Сѐ уште не е јасно каде точно во ресторанот експлодирала бомбата и колку луѓе биле таму во моментот на детонацијата.