1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

14 деца во Кина повредени во напад со нож

СН/ агенции
26 октомври 2018

Во последно време во Кина зачестено се случуваат напади врз деца. Мотивот за најновиот акт на насилство во најголемиот град во земјата, Чонгкин,г е целосно нејасен.

https://p.dw.com/p/37FU4
China Chongqing Skyline
Фотографија: picture-alliance/Pacific Press/L. Xianglong

Една вооружена жена со нож денеска избоде 14 деца во градинка на југозападот на Кина, соопштија властите во Чонгкинг и додадоа дека сите повредени се префрлени во болница.

Жената, на 39-годишна возраст чие име не е соопштено, користела кујнски нож за да ги повреди децата кои се враќале во училницата по утринската вежба во дворот на градинката.

Полицијата ја уапсила жената откако чуварите и персоналот во градинката ја совладале напаѓачката. Полицијата соопшти дека истрагата на злосторството е започната. Во изјавата не се наведуваат можните мотиви за нападот.

Насилните злосторства во Кина се ретки во споредба со многу други земји, особено во големите градови, каде што безбедноста е силна, меѓутоа во изминатите години се случија серија напади со нож и со секира, а многу жртви од нив беа деца.

За таквите напади често се виновни лица со психички проблеми.

Напаѓачите најчесто користат ножеви бидејќи контролата на оружје во Кина е исклучително строга.

Во септември во Кина беше погубен еден маж осуден за убиства на девет и ранување на 11 ученика во напад со нож во средно училиште во средишната покраина Шанхи.