1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Уметност

125 години кино - патент што го промени светот

Јохен Киртен
15 февруари 2020

Браќата Огист и Луј Лимиер од Франција на 13 февруари 1895 година пријавиле патент за кинематограф. Тоа е моментот кога се раѓаат филмот и киното. Но, Французите биле во добро друштво.

https://p.dw.com/p/3Xm0k
Bildergalerie Jubiläum 125 Jahre Kino | Wandgemaelde ''Die Brueder Auguste und Louis Lumiere''
Фотографија: picture-alliance/Arco Images GmbH/T. Weise

Историчари на филмот до ден денешен се караат: кој го открил филмот, кој киното? Дали навистина тоа биле браќата Огист и Луј Лимиер во 1895 година? Или сепак треба да се спомене генијалниот американски иноватор Томас Алва Едисон? Или германските браќа Макс и Емил Складановски? Неколку други американски и британски пионери на киното исто така би можеле да се споменат...

Повеќе: 

Филмови на иднината - учесник наместо само гледач

Битка на стримовите: сите против Нетфликс

Какви вредности пренесуваат филмот и телевизијата?

Прашање на дефиниција

Прашањето е дали како датум за крштевка на киното ќе се земе технички развој, или повеќе фактот дека за првпат не гледал само еден човек низ коцка за гледање подвижни сцени. Тогаш веќе станувало збор за група луѓе кои се наоѓале во една просторија каде што напред на платно се проектирал цел филм: раната форма на киното.

Но, што е воопшто филм? Доволно ли е да закачиш неколку слики едно по друго кои потоа на брзина се развиваат во „филм” - или треба сепак да има сцени и драматургија?

Ако денес се задлабочиме во историјата на првите години на кинематографијата, наидуваме на голем број иноватори и техничари - и места и лаборатории во кои се работело на развојот, се правеле обиди, поправки и се експериментирало.

Јасно е дека тогаш, на почетокот на 19. век нешто висело во воздухот: фотографијата се учела да „трча“. Од медиумот фотографија кој исто не бил којзнае колку стар изум, настанало нешто ново: подвижни слики. Тоа подоцна било наречено „филм“.

Bildergalerie Jubiläum 125 Jahre Kino | Gebrueder Lumiere 1900
Визионерски техничари и иноватори: Огист и Луј ЛимиерФотографија: picture-alliance/akg-images

Браќата Лимиер се сметаат за фактичките татковци на киното

Во најголемиот дел од приказните за филмот, кога се работи за почетокот на „седмата ументост“, се налетува на браќата Лимиер. Навика е да се споменуваат како изумители на филмот, и покрај сиот претходен труд на Едисон и други, и покрај тоа што речиси паралено со нив браќата Складановски изведувале филмски претстави во берлинскиот Винтергартен. Легендарниот датум е 28 декември 1895 година, кога во „Гранд кафе” на Булевар де Капусин во Париз се случила првата јавна проекција на филм. Браќата Лимиер барале влезници, неколку десетини луѓе платиле и погледнале 10 кратки филмови кои ги проектирале вработени во компанијата на браќата Лимиер со помош на кинематограф. Официјално, тоа е првата кино претстава. Апаратот, камерата и проекторот Французите ги патентирале во февруари 1985-та. Посетителите восхитени од подвижните слики ја проследиле претставата. Такво нешто дотогаш немале видено.

Bildergalerie Jubiläum 125 Jahre Kino | Das erste Stereoskop-Kino in Paris "Cinéma en Relief"
Првите кина во Париз често го носеле името ЛимиерФотографија: picture-alliance/Keystone/STR

Митот за киното: паника при првата проекција

Денес не може целосно да се потврди дали навистина се случила приказната која подоцна се прошири, дека настанала паника при проектицијата на филмот „Пристигнувањето на возот на станицата Ла Сиота“. Краткиот филм покажува воз кој пристига на железничката станица Ла Сиота, кој од точка на гледачите станува сѐ поголем и поголем, поради што имаат впечаток дека ќе ги прегази. Тоа наводно предизвикало паника, поради што посетителите во ужас скокале од своите места и со бегање ја напуштиле кафетеријата каде што се прикажувал. Тие мислеле дека возот всушност влегува во кафетеријата. Тоа бил впечатокот од перспективата на камерата. Барем тоа е митот. И тоа е една убава приказна за луѓето кои се сведоци на примената на еден изум кој претходно не постоел. Подвижни слики, луѓе и предмети кои се движат – фотографии кои „живеат“. Како е возможно такво нешто? Денес, 125 години подоцна човек мора повторно да почне да размислува што сѐ ново може да се постигне.

Frankreich Film Geschichte Filmszene Die Ankunft eines Zuges im Bahnhof von La Ciotat
Сцена од познатиот филм со возот кој влегува во Ла СиотаФотографија: picture-alliance/akg

Денес повторно се дискутира за иднината на филмот

Само 125 подоцна, при сеќавањето на браќата Лимиер и нивниот пионерски изум, повторно се дебатира за иднината на филмот. Всушност: за иднината на киното. Во која насока ќе се развива? Ќе преживее ли? Што ќе се случува со класичниот игран филм? Дали ќе постои сѐ уште или стриминг платформите, употребата на лаптопи и смартфони ќе се погрижи да се напуштат сите „старовремски“ форми на гледање филмови?

Задоволувачки одговор денес никој не може да даде. Само претпоставки. И тие сите повторно водат до почетокот на филмската историја. Подвижните слики, без оглед дали се прикажани преку „волшебната ламба“ (најстариот вид на филмски проектор) или преку други стари форми на филмски машини, претежно се прикажани на саеми или некакви претстави. Филмот на почетокот беше огромен медиум, спектакуларен и неверојатен – нешто од кое луѓето беа воодушевени и оставени без зборови.

Bildergalerie Jubiläum 125 Jahre Kino | Cinematographe Lumiere, Plakat 1896
Рекламен плакат за посета на кино од 1896 година Фотографија: picture-alliance/akg-images

Киното се води на огромни стратегии

Киното „не му должи (...) речиси ништо на духот на науката“, пишува влијателниот француски филмски критичар Андре Базен во својата легендарна книга „Што е филм?": „Неговите татковци не се научници." Едисон, браќата Лимиер и сите други се „мономанијаци, лудаци, хоби-мајстори или во најдобар случај инвентивни производители“. И повторно сме овде и сега. Киното ќе преживее, оваа теза е веќе поставена. Зошто? Бидејќи луѓето сѐ уште се жедни за спектакл, изненадувања и чуда. И кој може ова најдобро да го задоволи? Никој толку добро како современите модерни техничари, волшебници со специјални ефекти и холивудските автори. Нивните гигантски блокбастер филмови, кои можеби не им се допаѓаат на сите и можеби немаат никаква врска со уметноста во возвишена смисла на зборот, се наследници на филмските пионери од Европа и САД.

Тие привлекуваат милиони луѓе во кината ширум светот. Таму се гледаат филмови. Денес се гледаат во боја, а понекогаш и во 3Д. Тоа се филмови кои се проектираат на големи платна. Киносалите се полна со изненадувања и трикови. Холивуд од ова во 2019 оствари рекордна продажба во милијарди долари. Речиси сите филмови потоа може да се гледаат на смартфон, доколку го сакате тоа. Но, тоа е сосема друга приказна.