112 го спасува животот
10 февруари 2009Реклама
Ако ви се случи нешто дома, или во вашата земја, тогаш сигурно без многу да размислувате се сеќавате на телефонскиот број на кој можете да побарате итна помош. Но, што ако сте во странство? Без грижа, барем што се однесува до 27-те земји на ЕУ. Во сите нив важи единствениот позивен број 112. Во најголемиот дел од нив спасувачките служби веднаш можат и да локализираат каде се наоѓате, дури и ако вие самите не сте сигурни и не можете да опишете каде сте. 112 е број кој спасува живот!
►◄