11 деца на Марадона во битка за неговите милиони | Панорама | DW | 27.11.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

11 деца на Марадона во битка за неговите милиони

Спортската легенда зад себе остави деца како за цел фудбалски тим. Неговата смрт може да предизвика расправија за семејното наследство. Беше љубител на жени, алкохол и дрога, а парите безмилосно ги трошеше.

Diego Maradona mit Töchtern Giannina (L) und Dalma

Марадона со двете ќерки Џанина и Далма

Смртта на Диего Марадона може да предизвика семејна расправија околу неговиот имот, бидејќи остави зад себе пет деца кои ги призна како свои и уште шест други за кои се зборува дека им е родител. Пред да почине, една од неговите ќерки се шегуваше дека може да состави фудбалски тим со своите деца откако 23-годишна Аргентинка беше последната во низата што се бореше да докаже дека е негова ќерка.

Марадона призна два сина и три ќерки од четири различни жени - вклучувајќи ја и неговата поранешна сопруга Клаудија Вилафане и поранешната долгогодишна партнерка Вероника Оједа. Џанина Марадона, една од двете ќерки на поранешниот фудбалер од Вилафане, се пошегува минатата година откако беа објавени имињата на три деца за кои се вели дека се негови во Куба: „Потребни се само уште три за тимот од 11. Можеш ти тоа да го направиш!", порача таа.

Во октомври минатата година, 23-годишната бринета, наречена Магали Гил, се појави како најновиот можен член на потомството на Марадона. Популарната аргентинска ТВ-програма „Интрусос“ објави дека таа има мала ќерка, со што поранешната ѕвезда на Неапол и Барселона би можел да стане дедо. 

-повеќе на темата: Збогум Диего Марадона

Таа започна правна постапка во април минатата година за да се обиде да ја докаже својата крвна врска со фудалерот. Новинарот Адријан Паларес за „Интрусос“ изјави: „Нејзината мајка не ја воспитувала, туку семејството коешто ја посвоило и и ја дало сета своја љубов. Но, дојде време кога откри дека не припаѓа на тоа семејство и дека нејзиниот татко може да биде Диего Армандо Марадона“.

Во февруари таа го прекина молкот во Аргентина за да потврди дека ситуацијата не е напредната и ја молеше фудбалската легенда да се согласи на ДНК тест. Таа веќе потврди на италијанска телевизија дека е посвоена како дете и нејзината биолошка мајка ја контактирала на почетокот на 2019 година за да и каже кој е нејзиниот вистински татко.

Претходно и Сантијаго Лара, кој потекнува од истиот аргентински град Ла Плата, упати нов ТВ апел до легендата на фудбалот да го признае како негов син. Тинејџерот, чија мајка келнерка Наталија Гарат починала на 23-годишна возраст од рак на белите дробови во 2006 година и бил воспитуван од нејзиното поранешно момче Марсело Лара, за прв пат во 2016 година зборуваше за неговата борба да открие кој е неговиот вистински татко.

Maradona Massentrauer

Претседателот и првата дама на Аргентина се простуваат од Марадона

Тој тогаш рече:
„Татко ми секогаш ќе биде Марсело Лара, но она што ми беше кажано е дека мојот вистински татко е наводно Диего Марадона. Мислам дека личам на него, во лицето, во кадрици, во сè. Го гледам Марсело и знам дека не сме слични. Не е лесно да се разбудам наутро со тоа чувство“.

Адвокатот на Марадона, Матијас Морла, неколку месеци пред смртта на фудбалерот изјави дека тој ќе ги преземе своите одговорности како татко на Сантијаго доколку се потврди крвната врска.

Кубанско трио

Кубанското трио чии имиња се веќе објавени во јавноста се Јоана, Лу и Хавиелито. Овие три деца се родени откако Марадона се пресели на карипскиот остров во февруари 2000 година за да се бори против зависностите од алкохол и дрога.

Адвокатот Морла, кој призна во октомври 2018 година дека поранешниот фудбалер бил „непослушен“ во Куба, сведочеше дека „ќе има многу наследници, иако тоа на некого нема да му допадне“. Тој потврди дека трите деца ги запознал за време на погребот на Фидел Кастро.

Во текот на последните години, Марадона го призна својот возрасен син Диего Џуниор, роден во вонбрачна афера со италијанската манекенка Кристина Синагра, како и 23-годишната Јана која првпат се сретна со својот татко пред скоро шест години по судска борба од нејзината мајка Валерија Сабалаин.

Марадона имал и две ќерки од неговата поранешна сопруга, 32-годишната Далма и 30-годишната Џанина, како и седумгодишниот син по име Диего Фернандо од поранешната девојка Вероника Оједа.

„Ако сте родени помеѓу 1980 и 2019 година и имате извонредни фудбалски вештини, контактирајте не. Може да сте син на Диего Марадона“, се дел од шегите кои се појавија во јавноста, по обелоденувањето на веста за неговите три кубански деца. '

Тестамент

По неговата смрт не е јасно кого поранешната sвезда на Барселона и Неапол го има вклучено во тестаментот. Во ноември минатата година Диего се закани дека нема да им остави ништо на своите деца откако беше принуден да негира дека умира.

Maradona Massentrauer

Масовна тага по смртта на големиот фудбалски мајстор

Во видеото снимено од неговиот дом во Аргентина, Марадона, кој се бореше со зависности од алкохол и дрога, како и проблеми со телесната тежина, порача: „Сакам да ви кажам дека воопшто не умирам, дека спијам мирно затоа што работам“.

„Она што го знам е дека како што старееш, луѓето повеќе се грижат за она што ќе го оставиш отколку за она што го правиш. На сите ви велам дека нема да оставам ништо, дека ќе го донирам. Нема да дадам сè што заработив со трчање во текот на мојот живот, ќе го донирам“, изјавуваше тој.

Колку тежи?

Иако е фудбалска легенда и еден од најдобрите во историјата на овој спорт, Диего Марадона не оставил големо богатство зад себе. Според информациите коишто ги објавуваат медиумите, на банкарската сметка Марадона има околу 100.000 долари.

Сајтот CelebrityNetWorth, кој го следи богатството на познатите, објавува дека Марадона оствил околу 500.000 долари. Но, има информации дека тој имал огромни долгови натрупани за време на престојот во Наполи. Властите во Италија тврдат дека станува збор за сума од 37 милиони евра, од кои 23 милиони се камати.

За време на својата фудбалска кариера, Марадона заработувал огромни суми на пари. Само за 11-месечниот престој во мексиканскиот Дорадос де Синалоа тој добил 1,5 милиони долари. Во 80-тите и почетокот на 90-тите години на 20-тиот век Марадона беше најскап фудбалер на светот. Имаше богати договори со спонзори како „Пума“, „Кока-Кола“ и производителот на часовници „Ибло“. Во 1981 година, во Бока јуниорс премина за четири милиони долари. Една година подоцна направи трансфер во Барселона, кој беше светски рекорд и изнесуваше 7,6 милиони долари. Во 1984 потпиша за Наполи за 10,5 милиони долари, што е уште еден светски рекорд во тоа време.

Гледај видео 01:29

[No title]

DW.COM

Реклама