Џо Бајден јавно ќе се вакцинира против коронавирус | Свет | DW | 17.12.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Џо Бајден јавно ќе се вакцинира против коронавирус

Потегот е важен сигнал, првенствено до антиваксерите: првата доза од вакцината против Ковид-19 Бајден ќе ја прими пред јавноста идната недела. За утре истото го најави и потпретседателот Мајк Пенс.

Според анкета на новинската агенција Ројтерс, само 61 процент од Американците би примиле вакцина против коронавирус. Поттикната од делумно бизарни теории на заговор, кај граѓаните се има проширено значителна скепса во однос на делотворноста и оправданоста од вакцината. Дотолку поважни се акции кои ќе предизвикаат стекнување доверба кај народот, а во нив се вбројува и намерата на идниот претседател на САД: Џо Бајден  идната недела јавно ќе ја прими првата доза на новата вакцина против коронавирус. 78-годишниот политичар поради својата старост припаѓа на групата со повисок здравствен ризик. Актуелниот американски потпретседател Мајк Пенс утре ќе биде исто така вакциниран пред очите на јавноста,  соопшти Белата куќа.

На викендот во САД беа лиферувани првите пратки со препаратот на германската фирма Бионтеки нејзиниот американски партнер Фајзер. Предност при отпочнатата вакцинацијаима медицинскиот персонал и станарите на старечките домови.

Џо Бајден, по инаугурацијата на 20 јануари, планира спроведување 100-дневен план во борбата против коронавирусот, во кој спаѓа и вакцинирање со најмалку сто милиони дози во овој рок.

САД, во апсолутни бројки, се неспорно најтешко погодена земја од пандемијата. Во вторникот дневната бројка на новоинфицирани достигна нов рекорд – 248.000, највисока вредност од почетокот на пандемијата. Вкупниот број на инфицирани со Ковид-19 во САД се искачи на преку 16,7 милиони, а на смртни случаи поврзани со коорнавирус на 308.000.

Наскоро се очекува во САД да добие одобрение за користење и втора вакцина, онаа на фармацевтскиот концерн Модерна.

Гледај видео 01:41

Ковид-19 и (не)фер распределбата на вакцината ширум светот

Поврзана содржина

Реклама