Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!
Џон Кенеди, 29 мај 1917- 22 ноември 1963, е 35 претседател на САД, познат и под иницијалите ЏФК.
Демократот Кенеди беше претседател на САД од јануари 1961 до неговото убиство во ноември 1963 година во Далас. Неговото претседателство го бележат големи тензии со СССР и Куба и превирања во домашната политика како резултат на движењето за човекови права. До денес важи за еден од најпопуларните и најзначајни претседатели во историјата на САД. Зад неговото убиство останаа да се влечат многу теории на заговор.