Џихадисти во БиХ - што кога повратниците ќе излезат од затвор? | Свет | DW | 21.12.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Џихадисти во БиХ - што кога повратниците ќе излезат од затвор?

Во БиХ се првпат депортирани џихадисти кои се нејзини државјани. Соговорници на ДВ се сомневаат дека капацитетите на надлежните институции се доволни за верски индоктринираните борци да ги променат своите убедувања.

Седум борци, шест жени и дванаесет деца - толку повратници од Исламска држава донесе воениот авион на НАТО кој во четвртокот навечер слета во Сараево. Пет борци веднаш се ставени во притвор зашто против нив веќе има издадено меѓународни потерници. Останатите двајца се одведени во полиција, на испрашување, па веројатно и нив ги чекаат обвиненија.

Но, што е со жените и децата? И што со џихадистите кои евентуално ќе избегнат затвор или ќе ја отслужат казната?

Прифаќањето повратници од странски боишта е голем предизвик и за многу понапредни држави од Босна и Херцеговијна, коментира за ДВ професорот и декан на сараевскиот Факултет за криминалистика, криминологија и безбедносни студии, Неџад Корајлиќ. „Ќе бидам сосема искрен. Нашето општество во овој момент не е подготвено за квалитетна ресоцијализација.“

„Затворските чувари со само еден психолог или педагог не можат да осигураат квалитетна ресоцијализација. Со лицата кои се осудени за тероризам би требало да работат тимови од стручњаци за криминологија, социологија, психологија“, додава Корајлиќ.

Syrien Befreiung IS-Gebiete Frauen (AFP/D. Souleiman)

Групата која е депортирана во четвртокот од Сирија е само дел од државјаните на БиХ кои се наоѓаат во таа земја (фото: Жени и деца во Сирија, во провинцијата Деир Езор)

Нема причини за оптимизам

Стручњаците истакнуваат дека е тешко да се предвиди како некое лице ќе се однeсува по отслужената затворска казна и може ли осуден терорист да ги промени ставовите во текот на повеќегодишниот затвор. Прогнозите не се оптимистички со оглед на кадровските и материјалните ограничувања на надлежните установи во БиХ.

Самата затворска казна не е доволна за промена на однесувањето на осуденикот, вели за ДВ Елвира Чекиќ, професорка по психологија на Факултетот за криминалистика во Сараево. Верска индоктринација е повеќеслоен феномен, вели таа.

„Од нивна гледна точка, тие се спасители и ослободители на својот народ од ’неморалниот’ и ’алчниот’ Запад, кој се обидува да им го одземе нивниот начин на живот и вредности и да наметне свој. Во тој случај фундаментализмот не се појавува како враќање кон традицијата и изворните принципи на исламот, туку како бунт против Западот и се’ што тој подразбира. Оттука е многу тешко да се очекуваат посебни пресврти во нивните погледи на општествените случувања“, додава Чекиќ.

Повеќе:

Како Косово постапува со повратниците од Исламска држава

 БиХ: Рез против тероризмот на радикалните групи

Албанец повратник од Сирија: Во војна нема спасение

Додека депортираните борци на Исламска држава се во рацете на правосудството и полицијата, жените и децата се сместени во Имиграцискиот центар Далијаш, дваесетина километри јужно од Сараево. Групата која е депортирана во четвртокот од Сирија е само дел од државјаните на БиХ кои се наоѓаат во таа земја. Се претпоставува дека во Срија има уште околу 70 државјани на БиХ и нивни деца.

Реклама