1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фотографија: NASA/Science dpa

Џиновски астероид прелета покрај Земјата

ЖА/дв/дпа/ртре
1 јуни 2013

Вчера (31.05) огромен астероид прелета во непосредна близина на Земјата, на околу само 5, 8 милиони километри од Сината планета. Во случај на судир со Земјата, ќе предизвикаше огромни пустошења.

https://p.dw.com/p/18iEI

Еден џиновски астероид со дијаметар долг речиси 2,7 километри вчера попладнето ја прелета Земјата, но на релативно безбедна оддалеченост, соопшти НАСА.

„Астероидот се приближи најмногу на 5,8 милиони километри од Земјата, односно на далечина еквивалентна на 15 пати од растојанието меѓу Земјата и Месечината“, истакнаа од американската вселенска агенција НАСА.

Asteroid schlägt auf Erde ein
Фотографија: NASA/Don Davis

„Следниот пат астероидот треба да помине покрај Земјата на 12 јули 2028 година и тогаш ќе биде оддалечен 73 милиони километри“, соопштува НАСА. Агенцијата со помош на современа технологија откри дека џиновскиот астероид наречен 1998 КуЕ2 има и свој сателит, како што Земјата ја има Месечината. Сателитот на астероидот, според мерењата, има радиус од 600 метри.

Астероидот 1998 КуЕ2 беше откриен во 1998 година од научниците во Институтот за технологија во Масачусец. Во случај на судир со Земјата, ќе предизвикаше огромни пустошења. Астрономите од НАСА веќе ги категоризираа повеќе од 98 проценти од астероидите во опкружувањето на Земјата, кои имаат пречник од повеќе од еден километар. Вкупно се категоризирани 9500 астероиди со различна големина. Се претпоставува дека тоа се само десет проценти од сите астероиди кои постојат.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Бугарија протест ВМРО вето Македонија

Зошто во Бугарија пак ечи „Македонијаааа!“

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница