Џими Хендрикс- генијот од Марс | Панорама | DW | 27.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Џими Хендрикс- генијот од Марс

Џими Хендрикс беше икона во ерата на хипи-движењето, а денес се смета за најдобар гитарист на сите времиња. Во само четири години тој ги надмина сите граници и испиша музичка историја. Денеска ќе наполнеше 75 години.

Мајката на Џими имаше 17 години кога го роди во 1942 година, а неговиот татко беше во армијата, па тој порасна со роднините, живеејќи во тешка сиромаштија. Беше избркан од училиште како тинејџер, а подоцна беше фатен како краде автомобили. Казната можеше да ја бира: условен затвор или војска. Го одбра второто, но наскоро беше отпуштен од воена служба, наводно затоа што ја скршил ногата при падобрански скок. Во реалноста, тој му кажал на докторот дека е вљубен во свој колега војник. Подоцна, никој не веруваше дека Џими Хендрикс е геј, имаше премногу девојки и афери, вклучително и наводната едновечерна афера со францускиот секс-симбол Брижит Бардо. 

Повеќе на оваа тема: 

- Џими Хендрикс- херој на една генерација

- Фестивалот што ја однесе реата од војната

Легенди

Многу легенди кружат околу првиот инструмент на Џими: укулеле со една жица, дршка од метла за неверојатни гитариски сола, или едноставно замислена воздушна гитара. Едно е сигурно- станал мајстор на гитарата уште од рана возраст. Откако ја напушта армијата, се прехранува настапувајќи во бенд кој исполнува тогашни музички хитови, но тоа повеќе го фрустрира одошто го исполнува.
Хендрикс, кој во тоа време се уште се вика Џими Џејмс, го добива првиот договор за снимање плоча во 1965 година, кој му гарантира клупски настапи во Њујорк. Основа бенд, почнува да експериментира со ЛСД, создава нови фидбек ефекти со помош на споени засилувачи. Леворак, воведува сосема нови гитарски техники; успева да звучи како две гитари одеднаш. Џими ги нарекува своите музички откритија „Електрична црква“. 

75. Geburtstag Jimi Hendrix | Jimi Hendrix in Newport 1969 (imago/ZUMA Press/T. Kessell)

Џими Хендрикс во Њупорт, 1969 година

Музика за историја

Басистот на Енималс, Час Чендлер го слушнал Хендрикс како свири и почуствувал дека Америка не е подготвена за таква музика, па го носи во Лондон. Заедно со Ноел Рединг и Мич Мичел, егзотично облечениот човек со бела гитара го формира бендот „Џими Хендрикс експириенс“, и успева да се наметне на британската музичка сцена. Тајмингот е одличен. Битлси прават пауза, а сцената посакува нови таленти. Луѓето беа одушевени кога за првпат слушнаа изведба на Хендрикс. Неговиот музички стил удри како молња. „Хеј Џо“ и „Прпл Хејз“ станаа апсолутни фаворити во Британија и се слушаа насекаде. 

Следен чекор: Вудсток

На Монтереј музичкиот фестивал во 1967 година, неговиот прв голем настап во САД, беше исто толку убедлив. Луѓето беа парализирани од неговата енергија, фасцинирани од ексцентричната гардероба на Хендрикс, опуштениот настап кон жените. Сите знаеја дека постојано се дрогира. Џими Хендрикс ги освои младите Американци. Тоа беше „Летото на љубовта“, оној кус период кога Хипи движењето прерасна од субкултура во начин на живот. Хендрикс беше иконата на тоа движење.
Во август 1969 година, Хендрикс беше најавен како главен гостин на Вудсток фестивалот. Како резултат на хаотичното планирање на организаторите, неговиот настап стигна дури во понеделник рано наутро, кога повеќето од околу 500 илјади присутни на фестивалот веќе си заминаа. По три дена забава, публиката која остана на фестивалот не беше многу ентузијастичка. Но, верзијата на националната химна на Џими ги стана повторно сите на нозе со музика која звучеше како војна, хеликоптери и паѓање на бомби- речиси како Виетнамската војна во Вудсток. 


Тоа надминува сѐ што било кога е отсвирено на гитара, вели Клаус Тевелајт, автор на биографијата на Џими Хендрикс од 2008 година. „Тоа беше целосно нов уметнички израз. Хендрикс не ја уништи химната, тој всушност за првпат ја направи слушлива“.

Трагична смрт

Џими Хендрикс почина една година подоцна. Под постојан стрес, неможејќи да спие, пие едно шише вино и девет пилули за спиење во хотелската соба. Умира од задушување. Самоубиството се отфрла- Џими Хендрикс имаше големи планови за иднината. „Она што го правеше го оддалечи од неговата генерација. Има причина зошто за себе рече дека е 'од Марс'. Бекграундот на Хендрикс- црната историја, индијанското потекло, Хипи културата и неговиот музички опус, го ставија далеку напред“, вели Тевелајт.

DW.COM

Реклама