Џамиите во Мека отворени, на аџилак само 1000 верници | Теми | DW | 24.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Џамиите во Мека отворени, на аџилак само 1000 верници

Поради коронавирусот околу 3 месеци во најсветиот град во исламот, без затворени џамиите. Под строги заштитни мерки сега повторно е можна заедничка молитва на верниците во Мека. Градот е во очекување и на претстојниот аџилак, на кој годинава, токму поради пандемијата, наместо како вообичаено на милиони, ќе им биде дозволено учество само на 1000 верници.

Гледај видео 01:05

Саудиска Арабија годинава ќе ограничи на 1.000 лица кои живеат на нејзина територија можност да присуствуваат на годишниот аџилак во Мека поради пандемијата со коронавирусот, изјави министерот задолжен за аџилак, Мохамед Бентен.

„Бројот на верници ќе биде околу 1.000, малку помалку, малку повеќе“, прецизираше Бентен на конференцијата за новинари и додаде дека „бројката нема да достигне 10.000 или 100.000“. 

На традиционалниот годишен аџилак во Мека обично се собираат милиони муслимански верници од целиот свет.

Повеќе:

-Карантински Рамазан за муслиманите ширум светот

-Муслиманскиот свет го засилува карантинот за Рамазан Бајрам

-Рамазан во време на корона

Бентен додаде дека за време на аџилакот на сила ќе бидат мерките за социјална дистанца и ќе се контролираат верниците за да се спречи ширењето на коронавирусот. Истотака на Саудијци постари од 65 години нема да им биде дозволено да одат на аџилак и сите аџии ќе бидат во карантин пред и по аџилакот.

„Ова е многу чувствутелна операција и работиме со експерти од министерството за здравство“, вели Бентен, истакнувајќи оти е важно да се заштитат животите и здравјето на аџиите.

Аџилакот се смета за еден од петте столба на исламот и секој муслиман треба барем еднаш во животот да ја посети Мека.

Саудиска Арабија е една од најпогодените земји со пандемијата на Блискиот исток, со преку 160.000 заразени и  околу 1.300 починати од Ковид-19. 

Прочитај го и ова