Ќор-сокак во Израел и можниот излез | Свет | DW | 19.09.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ќор-сокак во Израел и можниот излез

На прв поглед изборите во Израел не ја променија многу ситуацијата. Па сепак во игра е можно решение кое би значело решавачка промена, смета Петер Филип.

И на вторите парламентарни избори во Израел нема решение за едната или за другата страна. Двете најголеми партии „Ликуд“ и „Бело-сините“ освоија по 32 места во 120 домниот Кнесет. Ниту една од нив не може да формира влада со стабилно мнозинство. Дури и ако се договорат да коалицираат со идеолошки блиските партии, „десниот“ табор може да има максиму 56 мандати при евентуална коалција, а „левиот“ 55. Минималното потребно мнозинство е 61 мандат.

„Нулта точка“

„Повторно сме на нулта точка„ констатираше, токму порад ова, утрото по изборите еден од повторно избраните пратеници. Партиска припадност при тоа не игра никаква улога, бидејќи проценката на сите е веројатно иста. При тоа со “нулта точка„ се мисли на утрото по првите избори во април годинава. Тогаш прво Бени Ганц, лидерот на централно-левичарската партија „Бело-сини“, ја славеше неговата наводна победа врз тогашниот премиер и лидер на „Ликуд“, Бенјамин Нетанјаху. И двајцата погрешија: Нетанјаху доби мандат за формирање влада но не успеа да обезбеди минимално мнозинство од 61 поради што побрза да закаже нови избори за 17 септември.

Повеќе:

-Мртва трка во Израел

-Нетанјаху под притисок да победи

-Моделот Нетанјаху има ограничен рок на траење

И сега ова. Иако никој искрено не очекуваше ваков исход, ваквата можност требаше да биде земена в предвид во предизборните прогнози. Со широк и јасен консензус: доколку повторно се западне во ќорсокак, нови избори нема да има во следните неколку месеци. На крајот на краиштата не може ни да се оди повторно на гласање додека политичката елита не го аминува исходот.

Peter Philipp Kommentarbild PROVISORISCH (DW)

Петер Филип, автор на коментарот

Авигдор Либерман уште пред неколку месеци зборуваше за можен излез од ваквата ситуација. Човекот кој потекнува од Молдавија и е претседател на партијата „Израел Беитену“ („Нашата куќа Израел“) и пред една година беше министер за одбрана во владата на Нетанјаху тогаш се повлече, поттикнувајќи предвремени избори во април. Тој беше оној кој одби да го следи Нетанјаху во месеците потоа поради тоа што не сакаше драстично да го намали влијанието на религиозните партии. Неговата цел е формирање „либерална и секуларна влада на национално единство“.

Влада на широка коалиција?

Сега, на денот по вторите избори годинава се чини дека ова е единственото можо решение за излез од ќорсокакот. Двете најголеми партии заедно со партијата на Либерман би имале широко мнозинство и една ваква коалиција би можела да ги исполни и барањата на лидерите на „Бело-сините“, Ганц и на Либерман – Нетанјаху мора да биде заменет! Ганц веќе предложи дека во ваква коалиција ќе мора премиерското место да ротира меѓу неѓо и шефот на „Ликуд“ и тој – Ганц да го преземе првото полувреме од мандатот.

Што се однесува до Нетанјаху, инсајдерите шпекулираат, дека тој би можел да се задоволи со помалку важна позиција. Со тоа би се тргнало од маса и дискусијата за законот за амнестија кој го бара Нетанјаху поради повеќе обвиненија за наводна корупција. Или ќе биде осуден или прогласен за невин –без посебни привилегии. Со тоа кариерата на Нетанјаху дефинитивно би требало да заврши.

Јавното обвинителство веќе се занимава со Нетанјаху

Се чинеше дека ни тој не може да поверува – и покрај сите факти за изборните резултати во неговата прва реакција тој зборуваше дека сака да формира силна владина коалиција. Обвинителството пак, ден по изборите продолжи со работа на трите обвиненија за наводна корупција. Нетанјаху во меѓувреме го откажа планираното патување на Генералното собрание на ОН каде требаше да има средба и со американскиот претседател Доналд Трамп. Барем што се однесува до личноста Бенјамин Нетанјаху изборите секако не беа „враќање на нулта точка“. И покрај тоа што конкретни чекори ќе има за некое време.

DW.COM

Реклама