Ќе функционира ли „хемијата“ меѓу Меркел и Меј? | Свет | DW | 20.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ќе функционира ли „хемијата“ меѓу Меркел и Меј?

Првото патување во странство на британската премиерка Тереза Меј води во Берлин, кај Ангела Меркел.

Кога денеска камерите, фотографските апарати и смартфоните во Берлин ќе бидат насочени кон Тереза Меј, веројатно ќе свртат и надолу, кон нејзините чевли. Откако новата британска премиерка ја презеде функцијата, во германските медиуми многу се зборуваше за екстравагантните чевли кои ги носи Меј. Значи веројатно со голем интерес ќе се следи во какви чевли ќе настапи Меј во Берлин, во буквална и во преносна смисла.

Нејаснотии околу терминот на разводот

Без оглед на чевлите, и Тереза Меј и Ангела Меркел цврсто стојат на тлото на реал-политичките прилики. „Брегзит е Брегзит“, рече Меј по референдумот во јуни. Именувајќи го Борис Џонсон за министер за надворешни работи, во својот кабинет доведе еден од најголемите заговорници за напуштање на ЕУ. Еден од критичарите на ЕУ таа именуваше за координатор на Брегзит. Меј веќе не сака да прави потреси со референдумот. Прашање е само кога ќе биде поднесено барањето за развод. Последното што го чувме од Лондон е дека тоа може да потрае до 2017. година. Британците сакаат да добијат на време, прво да ја договорат стратегијата на преговорите и потоа да се фокусираат на излегувањето од ЕУ.

Од другастрана, Меркел при поднесувањето владин извештај во Бундестагот јасна кажа - нема да се толерираат егоистични желби за привилегии без прифаќање обврски, а преговорите можат да почнат по активирањето на членот 50 кој се однесува на напушатњето на ЕУ. Со оваа изјава Меркел малку го забави процесот, за разлика од другите гласни реакции од ЕУ, најавувајќи и свое барање за учество во преговорите.

Großbritannien Theresa May und Boris Johnson

Тереза Меј во својот кабинет го доведе Брегзит-Џонсон

Соработка во Брегзит

Тереза Меј и Ангела Меркел денеска попладне ќе имаат разговори и работна вечера. Досега тие двете се познаваа само телефонски, изјави портпаролот на германската влада Штефен Зајберт. Сега, рече тој, имаат шанса за подетален разговор. Меркел притоа ќе ја претстави германската позиција, а нема да бидат водени преговори. Но, според зборовите на Зајберт, канцеларката е љубопитна што „ќе донесе Меј од Лондон“.

Британските медиуми објавија дел од дневниот ред - билатерални теми, соработка во однос на глобалните предизвици и соработката на двете земји во подготовката на Брегзит. Значи, во Лондон веќе се зборува за идна соработка во врска со оваа тема.

Меј е позната како тврдолинијаш

Потенцијално конфликтно жариште меѓу Меј и Меркел би можело да биде прашањето на слободна флуктуација на работната сила. Меј важи за хардлајнер во поглед на миграцијата од земји од ЕУ, што последните шест години на позицијата министерка за внатрешни работи јасно го покажа. Меркел пак по ова прашање, кое крајно е еден од клучните столбови на ЕУ, е речиси бескомпромисна. И Швајцарија и Норвешка, кои не се членки на ЕУ, меѓу другото мораа да прифатат слобода на движењето на работниците за да добијат пристап кон внатрешниот пазар на ЕУ.

Во една друга област пак Меј веќе најави желба да ја земе Германија за пример. Така, во Велика Британија во надзорните одбори во претпријатијата треба да бидат застапени и претставници на работниците.

Во германските медиуми се шпекулира околу добро разбирање меѓу Меркел и Меј. Двете се на возраст од околу 60 години и потекнуваат од религиозни семејства. Двете имаат завршено студии по природни науки и важат за прагматични политичарки. Дали меѓу нив вистински ќе функционира хемијата, ќе може да се стекне впечаток веќе на прес-конференцијата.

По посетата на Берлин, Меј ќе отпатува во Франција, каде утре ќе се сретне со претседателот Франсоа Оланд.

DW.COM

Реклама