Ќе станат ли електричните автомобили проблем за електромрежата? | Економија | DW | 03.09.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Ќе станат ли електричните автомобили проблем за електромрежата?

Во следните децении, на германската електрична мрежа ќе ѝ биде потребна надградба за да ги задоволи потребите на десетици милиони електрични автомобили. Експертите се радуваат на предизвикот.

Во една тивка приградска улица во Остфилдерн, градче на неколку километри југоисточно од Штутгарт, 10 домаќинства учествуваат во експеримент кој треба да ја врами иднината на е-мобилноста во Германија.
Неце БВ, компанија која се грижи за дистрибуција и одржување на електричната мрежа во германската покраина Баден-Виртемберг, го спроведува експериментот кој е наречен Сокак на Е-мобилност.
Идејата на 18-месечниот експеримент е да се открие што се случува кога сите домаќинство во просечна германска улица, сите поврзани на истата мрежа, возат електрични автомобили. Тоа е модел на иднината. Колку често во неделата се полнат автомобилите? Кога се врвовите на потрошувачката? Какви батерии се погодни за стабилизирање на потрошувачката на електрична енерија?
Во секоја куќа е инсталиран електричен полнач, и секое домаќинство доби по едно е-возило за време на тестот- пет е-Голф, две БМВ и3, и три Рено Зои. Дополнително, секое домаќинство ќе добие на користење на период од три недели и Тесла Модел С 75Д.

Инженерите се радуваат

Во експериментот, со изработка на студии и модели и совети, помага и Мартин Браун од Технолошкиот институт во Касел.
„Активно работиме на ефективно интегрирање на побарувачката за е-мобилност во електромрежата, со цел да обезбедиме стабилно напојување“, вели Браун за ДВ.
Што ќе се случи кога жителите ќе се вратат дома навечер и сите во исто време ќе ги вклучат своите возила на кутијата за напојување? Може ли тоа да ги загрози трансформаторите на улицата?
Кусиот одговор, според Браун и неговиот колега, професорот Оливер Брикл од Техничкиот универзитет во Регенсбург, е „не“, се ќе биде во ред- сѐ додека се извршат потребните надградби навреме.
„Нашите студии покажуваат дека во многу локални мрежи, нема да има ни потреба од надградба“, вели Браун.

Netze BW | E-Auto (Netze BW/P. Gärtner)

Фирмата Неце БВ го испитува влијанието на е-возилата врз електричната мрежа


Сепак, подобрувања ќе бидат неопходни, не само поради очекуваниот наплив на е-возила, туку и поради зголемениот тренд на греење и ладење на електрична енергија, наместо, како досега, на природен гас.

Цената на надградбата

„За цела Германија, нашата проценка е дека ќе бидат потребни меѓу 20 и 25 милијарди евра за надградба“, вели Брикл. „Со оглед на целосниот волумен на потрошувачка на струја- меѓу 60 и 70 милијарди евра годишно- тоа не е преголема сума пари“.
Студија на Институтот на Браун проценува дека во покраината Хесен, надградбата ќе чини околу 1 евро месечно по жител, но ќе се амортизира со намалените трошоци за струја во следните години.
Институтите сега работат на проект наречен Инфраструктура за полнење 2.0, во соработка со компаниите за дистрибуција на електрична енергија, произведителите на опрема и производителот на автомобили Фолксваген, кој од неодамна поагресивно работи на е-возила.
Целта на проектот е да се развијат инженерски решенија за рентабилна интеграција на е-мобилноста, вклучително и развој на иновативни системи за полнење со оптимална комбинација на мрежна компатибилност и лесна функционалност.

Гледај видео 02:38

Електромобили - подготвени за широка потрошувачка?


Учеството на производителите на автомобили е клучно затоа што „полначите вградени во електричните кутии можат да бидат конфигурирани на тој начин што автомобилите ќе делуваат како стабилизатори на мрежата“, вели Браун. Таквите е-автомобили можат да ги прилагодуваат нивните полнења на динамиката со достапноста на струјата во напојувачите“.
Од интервјуата на ДВ со Браун и Брикл, две нешта стануваат јасни: германската инженерска заедница е самоуверена дека може рентабилно да ги изврши потребните надградби. И второ, тие уживаат во предизвикот.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама