Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!
Холанѓаните денеска на рефeрендум одлучуваат за ратификација на Договорот за трговија меѓу ЕУ и Украина, кој беше повод за кризата во Украина во 2014 година и граѓанската војна на истокот на таа земја. Тогашниот украински претседател Јанукович не сакаше да го потпише договорот, илјадници луѓе излегоа на протести на улиците. Денес договорот е повторно спорен.