Ќе не „изгори“ ли новата цена на струјата? | Северна Македонија | DW | 28.05.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Ќе не „изгори“ ли новата цена на струјата?

Идните сметки за струја што ќе ги плаќаат граѓаните можно е да бидат поголеми за околу 50 денари на износ од 1.000 денари, велат од Регулаторната комисија.

Deutschland Energie Strom Strommast Industrie klagt über unsicherere Stromversorgung

Од Регулаторната комисија сметаат дека С. Македонија има најниска цена на електрична енергија во регионот по Србија и Косово.

Се крчкаат повисоки цени на струјата. Според најавите, веќе од август на граѓаните се очекува да им пристигнат повисоки сметки за потрошената електрична енергија. Најмногу 5 проценти би изнесувало покачувањето на сметките за струја доколку Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги прифати во целост барањата на МЕПОС, МЕМО и електродистрибуција со новите трошоци кои ги испорачале до регулаторот.  Па така идните сметки за струја што ќе ги плаќаат граѓаните се очекува да бидат поголеми за околу 50 денари на износ од 1.000 денари. 
Енергетските компании веќе побараа од Регулаторната комисија за енергетика зголемување на цената на струјата за крајните потрошувачи. МЕПСО побарал зголемување на цената за пренос од 143 отсто, Националниот енергетски маркет оператор за организирање и управување на пазарот на електрична енергија побарал зголемување за 45 отсто, а Електродистрибуција зголемување за 0,95 отсто на цената за дистрибуција на електрична енергија. 

-повеќе на темата: РКЕ ги отфрли барањата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема поништување на одлуката за струјата

Конечното поскапување на струјата кон фирмите и граѓаните ќе зависи од цената што ќе ја постигне Универзалниот снабдувач ЕВН хоум на тендерот за набавка на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар што треба да го објави во јуни.

Stromzähler

Од Регулаторната комисија сметаат дека С. Македонија има најниска цена на електрична енергија во регионот по Србија и Косово.

„Оваа година ЕСМ преку тој тендер снабдувала 70 проценти од вкупната струја, со што влијае со над 40 проценти во сметките за струја. Останатите 30 процнети ЕВН хоум смее да ги докупи на слободниот пазар. Дополнително поскапување од 1 август е невозможно да се превенира и зависи од договорот меѓу ЕВН хоум и ЕСМ, бидејќи РКЕ не влијае во тој дел“, вели претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски.   

-повеќе на темата: Увозот на струјата сепак ќе падне на товар на граѓаните

Одлуката ќе следи по анализата наредната недела, но конечнато поскапување на струјата ќе се знае по завршување на тендерот во јуни за набавка на струја за регулираниот пазар преку ЕСМ. Минатата година струјата поскапе за 7,4 отсто.Од Регулаторната комисија сметаат дека С. Македонија има најниска цена на електрична енергија во регионот по Србија и Косово.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека до Собранието ќе предложат намалување на ДДВ за струјата од 18 на 5 проценти. Од СДСМ велат дека предлог за намалување на ДДВ-то на струја, Владата добила од Европската енергетска заедница и РЕК уште минатата година и тој се разгледува.