Ќе биде ли Либија нова Сирија за Русија? | Свет | DW | 13.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ќе биде ли Либија нова Сирија за Русија?

Гласините дека либискиот генерал Калифа Хафтар има поддршка од Кремљ се исто толку конзистентни колку и неговиот напредок кон главниот град на државата.

Како што се вжештува конфликтот во Либија, пораките од Москва остануваат одмерени и рационални. За време на неговата неодамнешна посета на Египет, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека задачата на Русија е „да му помогне на либискиот народ да ги надмине актуелните несогласувања и различни ставови и да се дојде до стабилен договор" за да се постигне помирување.

На почетокот од неделава портпаролот на Кремљ Дмитри Песков изјави дека Русија ќе ја искористи секоја можност за да ги повика сите страни да избегнат секакво крвопролевање и „жртви меѓу цивилите".

Уште од почетокот на април воените сили на Каифа Хафтар напредуваат кон либискиот главен град Триполи. Таму е седиштето на меѓунардно признаената влада на премиерот Фајез Сарај кој го обвини Хафтар за обид за пуч. Хафтар ја раководи самопрогласена Либиска национална армија, која е поддржана од ривалската влада на истокот на земјата.

Се чини Русија се обидува да не заземе јасна страна во конфликтот кој ескалира. „Ова е многу деликатна ситуација за Русија," вели Вјачеслав Матузов, долгогодишен дипломат кој сега работи како независен експерт за Блискиот исток.

Различни руски сојузници поддржуваат различни страни во конфликтот: Турција и Алжир, на пример, ја поддржуваат владата во Триполи која има поддршка од ОН, додека Египет и Саудиска Арабија го поддржуваат генералот Хафтар.

Настрана либискиот конфликт, и Алжир и Египет се најголеми купувачи на руско оружје. Турција пак е важен меѓународен партнер за Русија, двете се вклучени во конфликтот во Сирија и со се поголемиот јаз меѓу Турција и НАТО, алијанса која Русија веќе ја гледа како закана. Згора на се, Русија мора да ја задржи Саудиска Арабија на своја страна како нафтен гигант. Матузов коментира дека главната причина за која Русија е вклучена во овој дипломатски неред е стравувањето на Москва дека хаос во Либија може да дозволи повторно возобновување на таканаречената Исламска држава, што е сериозна безбедносна закана за Москва.

Јамката на Либија

Независниот руски воен аналитичар Павел Фелгенхауер се согласува дека Либија е дипломатски "чвор" за Москва. "Русија многу внимателно ќе агира во тој конфликт," вели аналитичарот. "Нема да декларира отворено сојузништво."
Додека Матузов инсистира дека Русија е неутрална колку пто се и нејзините официјални ставови, Фелгенхауер вели дека "е очигледно оти Москва го поддржува Хафтар" зад затворени врати, тврдење што Кремљ го отфрла. Фактички, генералот Хафтар и премиерот Сарај ја посетија Москва, но се чини дека Хафтар е тој кој го има линкот со Кремљ. Тој три пати бил таму од 2016 и во 2017 бил пренесуван со авионот Адмирал Кузнецов на руската војска, наводно за видео конференција со министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу. Фекгенхауер смета дека едно нешто ги свртело нештата во корист на Хафтар, а тоа се пари. Сепак, Хафтар е задолжен за речиси сите региони во кои Либија произведува нафта. "Тоа значи дека тој има пари што значи дека е важен за Москва," вели аналитичарот.
Фелгенхауер вели дека и покрај ембаргпто за оружје на ООН, Москва можеби сака или веќе продава на Хафтар. Падот на долгогодишниот либиски диктатор Муамар Гадафи во 2011 според некои проценки Русија ја чинел милијарди пропуштена добивка од продажба на оружје. На 7ми април Русија блокираше Заклучок на Советот за безбедност на ООН кој бараше силите лојални на Калифа Хафтар да го прекинат напредокот кон Триполи и бараше заклучкот да гласе дека сите сили треба да прекинат со борбените дејствија. Фелгенхауер потегот го гледа како јасен знак за руската фактичка поддршка за Хафтар.

Матни знаци

Според повеќе информации во медиумите, Русија можеби нашла друг начин тивко да заземе страна во Либија. Кон крајот на 2018 рускиот медиум РБЦ повикувајќи се на извор близок до руското министерство за одбрана известуваше дека руски сили се распоредени на истокот на Либија. Независниот весник Новаја газета објави видео клип на кој се гледа Јевгени Пригожин на преговори со генералот Хафтар во Москва. Пригожин е човек од доверба на рускиот претседател Владимир Путин. Тој е матен лик кој изгледа е на чело на руската "фабрика за тролање" на социјалните медиуми, како и на приватната руска воена компанија Вагнер Груп. Тие според извештаите учествуваат во конфликтни зони во светот како Источна Украина, Сирија, Венецуела и Централноафриканската република. Поранешниот руски дипломат матузов смета дека испраќањето руски платеници во Либија е невозможно оквалификувајќи го наводите како "дезинформации." Тој вели дека ако има платеници во Либија, "тие веќе би знаеле." Матузов вели дека нема јасна дистинкција меѓу разните воени групации во земјата, појаснувајќи дека борците често преминуваат од една на друга страна "во зависност од тоа како се развива ситуацијата на терен" и заради тоа "нема тајни во Либија."
Но, воениот експерт Фелгенхауер не е толку убеден. Тој смета дека е сосем возможно во Либија да има руски платеници на терен и во воздух и дека тоа е многу елегантен начин за руската дипломатија. Со оглед на тоа дека официјално не се поврзани со владата, "руските платеници помагаат Русија да биде вмешана без да се вмешува," вели Фелгенхауер. "Тоа им дозволува да може да негираат."

Сирија 2.0?

На почетокот на 2018 Русија го објави својот план да ги повлече своите сили од Сирија што само ги засили гласините за потенцијална воена операција во Либија. Сепак, не е веројатно дека Русија ќе отпочне голема интервенција во Либија како што тоа го направи пред речиси четири години во Сирија, меѓу другото и заради тоа што се уште е вплеткана во тамошниот конфликт. "Сирија не исчезна," посочува Фелгенхауер. "Капацитетите на Русија веќе се искористени. Го нема веќе Советскиот сојуз."
Тој смета и дека тоа не одговара на руските стретешки цели. "Главната полиса на руската надворешна и воена политика е анти-американство. Тоа функционира во Сирија и Венецуела, но во Либија е нејасно кого Американците всушност поддржуваат."
Матузов се согласува дека Либија нема да биде новата Сирија за Русија. Една од причините е и тоа што Русија веќе има две воени бази во Сирија и на Москва нема да и биде потребна уште една точка за да ги покрие своите стратешки интереси на Блискиот исток. Покрај тоа, Москва едноставно не може да си допушти уште една база во Либија. Матузов исто така цитира уште една причина зошто Русија не би отпочнала воена акција како во Сирија: "Либија е како жива кал. Секој кој ќе стапне таму, ќе биде повлечен надоле.”

 

Реклама