Љубов без граници: Една сосема необична свадба | Панорама | DW | 21.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Љубов без граници: Една сосема необична свадба

Портата на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико досега била отворена само шест пати во последните четири години. Двајца вљубени овојпат го искористија реткото отсуство на граничните пречки- да склучат брак.

На границата меѓу американскиот град Сан Диего и мексиканскиот Тихуана се случи необична венчавка.  Церемонијата се одржа на контролниот пункт на американско-мексиканскиот ѕид.  Младоженците се надеваат дека по свадбата невестата може да се пресели кај младоженецот во САД. Вратите на американско-мексиканскиот ѕид од 2013 година досега биле отворени само шест пати, за да можат членовите на семејствата, кои ги дели границата, да се видат.

Гледај видео 00:44

Љубовта не познава без граници

Овојпат во тој еден час, додека беше отворен контролниот пункт, се одржа свадбена церемонија.  Брајан и Евелија се запознале пред три години во Тихуана. Брајан се надева дека по свадбата, Евелија ќе може да се пресели кај него во САД.  Но, бидејќи Евелија се’ уште нема виза, двојката, за жал, мораше повторно, барем привремено, да се раздели.

http://www.sandiegouniontribune.com/news/watchdog/sd-me-border-gate-20171118-story.html

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Поврзана содржина

Реклама