Љубовта - наука за себе
Што имаат заедничко вљубените и душевно болните? Научниците велат: мозочната состојба. Ова не е лош виц, туку научна констатација. Повеќе факти за љубовта во следната фотогалерија.
Вљубеност
Срцето засилено чука, рацете се потат, во стомакот се шири некој трепет: тоа е знак за вљубеност. Научно посматрано, зад оваа ментална вонредна состојба се кријат првенствено хормините. Но, кој хормон ги предизвикува овие чувства?
Сексуален нагон
За воопшто да се вљубиме, потребен е зголемен сексуален нагон. За тоa е одговорен хормонот тестостерон. Зголемено ниво на тестостерон има посебно кај мажите, но исто и кај жените во потрага по партнер.
Зависност
Во фазата на страсна вљубеност до израз доаѓа допаминот, т.н. хормон на среќата. Тој се активира меѓу другото и преку кокаинот и никотинот. Тоа објаснува зошто вљубените не можат веќе да се одделат: тие се едноставно зависни еден од друг.
Лудост
Серотонинот е одговорен за урамнотежено расположение и стабилни емоции. Но, кај вљубените нивото на серотонинот е толку намалено, што соодветствува на она кај лицата со опсесии. Затоа вљубените речиси не можат да мислат на ништо друго освен на новиот партнер.
Скок на адреналин
Срцето чука како лудо, рацете се потат - тоа се должи на адреналинот. Тој засилено се лачи во време на почетната фаза на вљубеност. Адреналинот го кочи чувството на глад и телото го доведува во состојба на општа тревога.
Верност
По околу три до пет месеци фазата на жестока заљубеност најчесто е помината. Тогаш важна улога почнува да добива хормонот окситоцин. Тој се лачи на пример кога мајката го дои детето и помага за воспоставување цврста меѓусебна поврзаност. Кај вљубените нивото на окситоцин расте на пример при бакнежите и стимулира долгорочна врска.
Пресудна е миризбата
Но, зошто ние воопшто се заљубуваме во некого? Научниците велат: пресудна е миризбата. Најбрзо се заљубуваме во луѓе кои мирисаат како нашите родители.
Конечна одлука
Физиономијата на лицето игра голема улога при изборот на нашиот партнер. Жените претпочитаат маж со истакната вилица, на мажите кај жените им се допаѓаат големи очи и тесна вилица. Научниците претпоставуваат дека овие пропорции на лицето ветуваат добри можности за размножување.