Јушченко – нов претседател на Украина | Политика | DW | 27.12.2004
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Политика

Јушченко – нов претседател на Украина

Коментар на Уте Шефер

Украина избра нов претседател: по пребројувањето на 95 насто од гласовите, прозападниот лидер на опозицијата Виктот Јушченко освои 52,91 насто, соопшти денеска централната изборна комисија во Киев. Премиерот Виктор Јанукович стигна до 43,31 процент. Учеството на повторните избори се проценува на 77,22 насто и е нешто помало од поништениот круг од 21 ноември – 80,85.

Идниот претседател на Укрина се вика Виктор Јушченко. Се случи очекуваната, од страна на Запад, политичка промена, а тој е легитимиран преку слободни и фер избори. Но, изградбата на демократија и правна држава секако ќе бара многу повеќе време и ќе биде потешка отколку повторувањето на изборите.

Во изминатите недели веќе не се случуваше битка на личности, па дури ниту на програми, тоа беше судир меѓу премоќната држава која ги ангажираше сите сили за на функција да дојде нејзиниот кандидат и притисокот на демократската јавност, на храбрите студенти, новинарите и критички настроените бизнисмени. Тие победија, победи демократијата во Украина. Но, сега таа треба да биде етаблирана на сите нивоа во државата и во стопанството. Огромна работа, зашто избирачите на Виктор Јушченко му поставија јасен налог: повеќе демократија и животна перспектива. Јушченко треба бргу да го подигне животниот стандард на луѓето, но и на државата во целост и да се погрижи да бидат зголемени пензиите и стипендиите. Покомпликуван е судирот на интересите на политичко и стопанско ниво. Јушченко ќе мора да лавира зашто меѓусебно конкурентските економски кланови имааат сосема различни интереси и досега политиката ја користеа за сопствен профит. Од оваа моќ малку кој ќе сака да се откаже. Исто така, ќе биде потребна битка против корупцијата и сивата економија кои длабоко завлегоа во политиката и стопанството. Задача која во 2001 Јушченко ја плати со функцијата премиер. Станува збор за тоа да се овозможи ефикасна економска политика чии профити нема да завршуваат во полза на поединци, туку преку даноците средствата да се влеваат во социјалата и во изградбата на инфраструктура. Станува збор за драстична модернизација во индустријата и стопанството, за Украина во иднина да може подобро да ги продава своите производи. И на крајот, станува збор за ефикасна и флексибилна надворешна политика од која Украина е во егзистенцијлна зависност поради многуте нејзини граници.

Европа, засега, освен убави зборови, малку и понуди на Украина. Сега е крајно време западните соседи да се завртат кон неа. Зашто политичките промени не бараат само време, туку и активна поддршка од надвор. Политички стабилна, мирољубива и демократска Украина значи повеќе безбедност за Европа и затоа во Брисел и Берлин не смее да се дозволи да се пропушти шансата што ја овозможија изборните резултати.

Уте Шефер