Јуратовиќ: Се радуваме на нова, социјално праведна и напредна Македонија | Македонија | DW | 01.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Јуратовиќ: Се радуваме на нова, социјално праведна и напредна Македонија

Новата влада има огромни задачи, но тие се совладливи, оценува германскиот пратеник Јосип Јуратовиќ, член на Бундестагот од редовите на СПД.

ДВ: Г-не Јуратовиќ, има ли новата влада потенцијал да излезе на крај со проблемите?

Јосип Јуратовиќ: Социјалдемократите се соочени со големи предизвици: да се надмине поделеноста во земјата, да се подобри економската ситуација, согласно принципите на правната држава да се истражат дејствата на претходната влада. Тоа се огромни задачи, но тие може да се совладаат со поддршка на македонските граѓани и цивилното општество.

Дали кризата во Македонија е навистина завршена?

Политичката криза засега е завршена, но економската и социјалната криза траат и натаму. Демократската промена на власта беше основен предуслов за земјата да излезе од криза.

Каде ги гледате тешкотиите за кабинетот на Зоран Заев?

ВМРО-ДПМНЕ го затру општеството со ужасно подгреан етно-национализам. Сега новата влада мора со умна стручна работа да ја смири ситуацијата, како во земјата, така и во меѓународни рамки.

Дали земјата во блиска иднина може да направи побрзи чекори во насока на ЕУ? Или можеби членство во НАТО е многу пореална опција?

И натаму важи она што важеше и досега: процесот на приклучување кон ЕУ и неговите критериуми се јасно дефинирани. По тоа мора да се мери и новата влада.

Што би им порачале на социјалдемократите?

Со среќа! Се радуваме на нова, социјално праведна и напредна Македонија, чија влада ќе ни покажува колку европска оваа прекрасна земја веќе сега е.

Реклама