Јупитер доминира на небото | Панорама | DW | 10.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Јупитер доминира на небото

Јупитер овие денови е најсветлата точка на небото. Најголемата планета во сончевиот систем може посебно добро да се гледа - се наоѓа на најблиска точка до Земјата од 666 милиони колометри.

Јупитер деновиве свети со цел сјај на небото. Најголемата планета во нашиот сончев систем овие денови може да се набљудува од Земјата посебно добро и со обичен двоглед, а и со голо око, зашто е стигната на најблиска точка - на оддалеченост од 666 милиони километри. Посебна констелација ќе постои утре, 11.04 - Јупитер ќе може да се гледа во близина на полната Месечина.

Јупитер е 2.5 пати помасивен од сите други планети заедно и со волумен 1300 пати поголем од земјиниот. Оваа планета нема цврста површина и јасно ограничена атмосфера, речиси целата се состои од гасови. Нејзино најпознато обележје е големата Црвена дамка, бура поголема од Земјата. 

Гледај видео 00:45

Јупитер со целата своја убавина

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Поврзана содржина

Реклама