Јункер: Трамп ризикува војна на Балканот | Свет | DW | 24.03.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јункер: Трамп ризикува војна на Балканот

Претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер во интервју за „Фајненшл Тајмс“ предупредува дека анти-ЕУ ставовите на претседателот на САД можат да предизвикаат војна на Балканот.

Јункер му испрати отворено предупредување на американскиот претседател Доналд Трамп да престане да ги охрабрува земјите од ЕУ да го следат примерот на Брегзит, објаснувајќи дека распадот на ЕУ би можел да предизвика војна на Балканот.

Во интервју за весникот „Фајненшл Тајмс“, Јункер оценува дека ентузијазмот на Трамп за британското напуштање на ЕУ бил „изненадувачки“ и „иритирачки“. Тоа покажало дека новиот американски претседател не ја познава компликуваната историја на Европа.

Овие предупредувања, Јункер му ги пренел на американскиот потпретседател Мајк Пенс при неговата посета на Брисел минатиот месец.

„Му реков на потпретседателот: не ги канете и другите да си заминат, затоа што доколку ЕУ се распадне, ќе имате нова војна на Балканот“, вели Јункер.

EU - USA Mike Pence & Jean-Claude Juncker in Brüssel (Getty Images/AFP/E. Dunand)

Мајк Пенс и Жан Клод Јункер

Јункер и во интервјуто ја повторува, од неодамна повторно актуелната заложба, за европска перспектива и членство на земјите од регионот во ЕУ. „Доколку ги оставиме сами - Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Албанија, сите тие земји - повторно ќе имаме војна“, вели претседателот на Европската Комисија.

Пред неколку недели, на самитот на ЕУ во Брисел, Јункер ја апострофираше поддршката за земјите од Западниот Балкан. „Не отстапуваме, туку стапуваме на Западен Балкан“, порача тој на собирот. Токму Јункер, при стапувањето на должноста претседател на Комисијата, ги закопа надежите на балканските земји за брз прием во ЕУ, откако најави дека ниту една нова земја нема да и се приклучи на ЕУ до крајот на неговиот мандат во 2019 година.

Германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за весникот „Пасауер Ноје Пресе“ денеска изјави дека „не очекува и други земји да го следат примерот на Велика Британија и да ја напуштат ЕУ“.

 

DW.COM

Реклама