Јункер се сомнева во подобноста на Романија да биде ЕУ-претседавач | Свет | DW | 29.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Јункер се сомнева во подобноста на Романија да биде ЕУ-претседавач

На три дена пред преземањето на претседателството со ЕУ, Романија е предмет на критики од првиот човек на ЕК, Жан-Клод Јункер. Тој се сомнева во лидерската способност на земјата и подготвеноста да се слушаат другите.

Шефот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер со сомнева дека владата во Букурешт има лидерски спосбности. Во интервју за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“, Јункер на теи дена пред Романија да го преземе претседавањето со ЕУ, вели дека земјата е „технички добро подготвена“ за шестмесечното претседателство, но „владата во Букурешт сѐ уште не сфатила сосема што значи да се биде претседавач“. „За внимателно постапување треба да се биде и подготвен да се слушаат другите и да се има цврста волја сопствените интереси да се стават во втор план. Во тој дел имам извесно сомневање“, вели Јункер за „Велт ам Зотнаг“.

Освен тоа, нагласува шефот на Европската комисија, состојбата во Романија во моментот е таква што земјата не може да настапува како „компактна целина“: „Неопходно е да се има единство дома за во текот на претседателството во ЕУ да се поттикнува единство во Европа.“

Повеќе: 

Хроника на еден најавен неуспех

Гримаси на комунизмот во Романија

Романија ја напаѓа ЕУ

Романија го презема шестмесечното претседателство со Советот на ЕУ на 1 јануари 2019. Европската комисија во ноември констатираше значителен дефицит во делот на правната држава и борбата против корупцијата во Романија. Во извештајот беше констатирано дека реформските процеси се закочени, а се забележува и уназадување во одредени делови.

Во интервјуто за „Велт ам Зонтаг“, првиот човек на ЕК, Јункер, се заложи и за исклучување на унгарската партија Фидес од семеството на европски конзервативни партии ЕНП. „Мислам дека демохристијанските вредности на кои се заснова ЕНП веќе не се во согласност со политиката на Фидес“, оценува Јункер, но додава дека ваквото негово барање било одбиено.

DW.COM

Реклама