Јункер на Балканот за да „охрабрува“ | Свет | DW | 24.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Јункер на Балканот за да „охрабрува“

Шест земји од Западен Балкан сакаат да влезат во ЕУ. Таа ги привлекува со пари и со стабилност. Шефот на Еврокомисијата Јункер оди во посета на регионот. Тука ќе се соочи со многу проблеми и ќе препорача решенија.

Од утре до среда, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ќе ги посети шесте земји од Западен Балкан кои би требало да пристапат во ЕУ. Со турнејата која започнува утре во Скопје тој, како што вели, сака да ги „охрабри“ Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово. Ова се случува по објавувањето на најновата стратегија на ЕУ во која првпат е наведена и конкретна година за можен прием на нови членки: 2025 година.

Повеќе на темата: 

Балканот е на потег

-Ги сака ли ЕУ подеднакво сите на Балканот?

-Западен Балкан - геостратешка инвестиција на ЕУ

Но, тоа не е „само датум за охрабрување“, како што рече Јункер пред да тргне на пат. Од шестте влади на Балканот ќе се бара да спроведат реформи, да ја сузбијат корупцијата, да се погрижат за почитување на принципите на правната држава, слободата на медиумите, да ја оживеат економијата и да ги решат меѓусебните конфликти. Само ако тоа биде спроведено во задоволителна мерка, и ако бидат исполнети конкретни критериуми, ќе бидат можни нови пристапувања во ЕУ, рекоа службениците од опкружувањето на Јункер во Комисијата. И додадоа дека ЕУ има волја да прими нови членови, и оти овие земји имаат реална перспектива.

Македонија и Албанија би можеле да преговараат со ЕУ

Пред Јункер да појде на пат, комесарот на ЕУ за проширување Јоханес Хан на Македонија и на Албанија како еден вид подарок им вети дека и со нив ќе започнат преговорите за пристапување. На лето, како што рече, ќе се зборува и за конкретен датум за тоа. Досега формално се преговараше со Србија и со Црна Гора, при што малата Црна Гора, која е веќе членка на НАТО, оствари најголем напредок.

Жан-Клод Јункер на своето патување ќе се соочи со низа нерешени проблеми меѓу државите. Најтешки проблеми се јавуваат во врска со Косово. Ова подрачје по воените конфликти се отцепи од Србија, но како држава не го признаваат сите земји од ЕУ, а секако, ни Србија. Пред да станат Србија и Косово еден ден членки на ЕУ, овој проблем мора да се реши.

Повеќе на темата: 

-ЕУ тренира строгост

-ЕУ: дополнителни 500 милиони евра за Западниот Балкан

-Објавена Стратегијата на ЕК: историска шанса за Западниот Балкан

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обидува да ги подготви своите сонародници на тоа дека Косово на крајот ќе мора да биде признаено. ЕУ веќе 4 години се обидува да ги доведе до помирување Белград и Приштина- досега без успех. Јункер на својата турнеја, исто така, ќе се обиде да посредува, велат европските дипломати во Брисел. Не само последиците од војната на Косово, туку и граѓанските војни во поранешна Југославија се она со што мора да се позанимава Јункер.

Хрватска, која е веќе членка на ЕУ, и Србија имаат сѐ уште отворени сметки од војната. Босна и Херцеговина и натаму е поделена држава која не функционира. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за време на една посета на Брисел рече оти Хрватска и Србија имаат „зеднички интерес“ кога станува збор за политичката и за економската соработка во ЕУ. Но и оти на планот за воена оштета и од последиците од војната има уште многу отворени прашања. 

Јункер бара трпение

„Ќе мораме да даваме објаснувања и ќе мораме да појасниме дека проблемите ќе мораат да бидат решени инаку непотребно ќе го губиме времето“, рече Јункер неколку дена пред своето патување. Освен тоа, додаде, во Европа е потребно повеќе трпение. „Договарањето околу отстранување на последиците од војната меѓу Германија и Луксембург траеше 45 години“, рече Јункер, инаку поранешниот премиер на Луксембург.

На лето и  на почетокот на есента, Комисијата ќе ги објави конкретните планови за пристапување на сите шест земји, планови во кои ќе се земаат  предвид нивните особености.

Читајте не и преку апликацијата на ДВ за андроид

DW.COM

Реклама