Јуанот добива место зад доларот и еврото | Економија | DW | 01.10.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Јуанот добива место зад доларот и еврото

Кинескиот јуан од денеска влегува во ексклузивниот клуб на валути на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Кина успеа дури во вториот обид: на крајот на 2015 година ММФ го прифати барањето на Пекинг и неговата валута јуан, односно ренминби, да биде вклучена во валутите кои служат како пресметувачки единици во таа меѓународна финансиска институција. Станува збор за таканаречениот СДР ( Special Drawing Rights) односно специјално право на влечењеММФ го воведе СДР во 1969 година како резервна пресметуувачка единица, но неговото значење стана доминантно дури во 1972 година кога златото загуби од престижот. Меѓу валутите на почетокот беа американскиот долар, германската марка, францускиот франк, британската фунта и јапонскиот јен, а уделот на поединечните валути ја отсликуваше и економската важност на тие земји.  До вчера во СДР беа доларот, еврото, фунтата и јенот.

Гледај видео 00:45
Now live
00:45 минути

Јуанот стана светска референтна валута

Со влегувањето на кинескиот јуан во т.н „валутна кошница“ на ММФ пред сѐ загуби еврото. На јуанот му е доделена вредост од 10,92 проценти, доларот останат доминантен со 41,73 проценти, но еврото падна на 30,93 насто. Јенот сега има учество од 8,33 проценти а фунтата од 8,09 %.

Германските економскии експерти констатираат дека тоа го одразува падот на влијанието на еврото и во меѓународниот платен промет, ама и значењето на ЕУ во трговската размена.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама