Јошихико Нода стана нов јапонски премиер | Свет | DW | 30.08.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јошихико Нода стана нов јапонски премиер

Досегашниот министер за финансии, Јошихико Нода, е избран за нов премиер на Јапонија. Двата дома на парламентот во Токио денеска (30.08) гласаа позитивно за именување на 54-годишниот Нода за нов шеф на владата.

default

Јошихико Нода е за разумна санација на долгот

Јошихико Нода важи за политичар кој се стреми кон разумна санација на големиот државен долг на Јапонија и за сепфатна даночна реформа. Патот кон функцијата премиер за Нода беше отворен вчера, со гласањето во владејачката Демократска партија на кое тој беше избран за нејзин нов лидер.

Досегашниот премиер Наото Кан минатата недела поднесе оставка по растечкото незадоволството од начинот на кој справуваше со должничката криза во земјата и со хаваријата во нуклеарната централа Фукушима. Нода е шести јапонски премиер во последните пет години.

Автор: СН/ЕМФ/дв

Редактор: Т.Тосев