1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јемен: Удар против Ал Каеда

АТ/ дпа/ ртр/ афп11 септември 2012

Јеменската армија соопшти дека го убила Саид ал-Шихри, поранешен затвореник во Гвантанамо на Куба, а сега втор човек на терористичката мрежа Ал Каеда во Јемен.

https://p.dw.com/p/166XF
Фотографија: AP

Јеменската армија, според владини информации, го убила вториот човек на терористичката организација Ал Каеда на арапскиот полуостров. Саид ал Шихри од Саудиска Арабија бил убиен заедно со уште шест терористи во провинцијата Хадхрамаут, објави армијата. Ова беше „тежок удар за терористичката организација“, се вели од Министерството за одбрана во Сана.

Ал Шихри се бореше во Авганистан и одлежа шест години во американскиот затворенички логор Гвантанамо на Куба. По неговото ослободување во 2007 година во Саудиска Арабија мина низ т.н. програма за повторна интеграција. Потоа замина за Јемен каде стана заменик на Насер ал Вухаиши, водачот на Ал Каеда на арапскиот полуостров.

Ал Каеда на арапскиот полуостров според проценките на ЦИА е еден од најопасните ограноци на Ал Каеда во светот. Војската на САД ја поддржува борбата на јеменската влада против екстремистите со напади со беспилотни летала.

На југот и на истокот во политички нестабилниот Јеемне активни се исламистичките екстремисти како и месни ограноци на терористичката мрежа Ал Каеда. На некои места тие контролираат цели градови или подрачја.

Јеменската армија летово со помош на локалните граѓански иницијативи за одбрана успеа да ги прогони милитантните исламисти од повеќе градови на југот на земјата, каде ја имаа преземено контролата и воведоа т.н.„Шарија судови“.