Језиди се етноконфесионална група на Курди кои претежно живеат во Ирак, Сирија, Ерменија, Грузија, Иран и Турција.
Бројот на Језидите во светот се проценува на околу 700 илјади. Иако зборуваат курдски јазик, се издвојуваат по својата религија која е мешавина од зороастризам, христијанство, јудаизам и ислам. Имаат две свети книги: „Книга на откровението“ и „Црна книга“. Језидите ги нарекуваат и следбеници на ѓаволот бидејќи централна фигура во нивната вера е Малак Тавус, кој се изедначува со Сатаната.