“Јас сум од Титов Велес” синоќа на Берлиналето | Уметност | DW | 14.02.2008
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Уметност

“Јас сум од Титов Велес” синоќа на Берлиналето

Најновото остварување на Теона Митевска синоќа (13.02.08) ја имаше официјалната премиера во категоријата Панорама. Публиката ја поздрави сторијата за трите сестри, која предизвика чувство на тага, болка и вџашеност

default

Многу филмови за душата се селектирани во категоријата Панорама каде во конкуренција за одличје е и македонската трагична приказна за сестрите од Титов Велес

“Убав, многу црн, тажен, но кажува толку многу за општеството, за поединците, за семејните чувства на толку специјален начин..“

"Многу добар, прекрасен...”

"Ме трогна повеќе од што ми се допадна. Говори за една реалност која ја има Велес, за ќивотот во едно време. Со оглед што е филм од Македонија и дело на млада жена мислам дека е успех што се најде на Берлоналето”.

"Филмот ми се допадна. Македонија ми е во срцето и по овој филм уште повеќе”

"Филмот отвора многу прашања. Мора прво да размислам.Но, има толку силни слики ... ”

Може ли да има подобри комплименти од овие реакции на обичната и фах публиката - дека по гледањето на “Јас сум од Титов Велес ” се будат размисли, останува грутка и горчина во грлото, тежина на душата.

Филм за велешката реалност

Вакви беа коментарите по официјалната премиера на Јас сум од Титов Велес на Теона Митевска на Берлиналето која заврши половина час по полноќ. Малку симболично Денот на вљубените запопна со љубовната, животната и тажната сторија за трите сестри од Титов Велес: најстарата нарко зависничката Славица Ана Косотовска, средната во потрага по нов живот Сафо - Николина Кухјача. И најмладта Афродите - Лабина Митевска која сонива ли сонува.

Теона Митевска третпат е на Берлиналето. Краткиот филм Вета во 2001 та и ја донесе специјалната диплома, потоа беше во кампусот на таленти и сега е првпат во категоријта Панорама. Кажува дека е вљбена во Титов Велес, градот на фабриките, на Тито, на нејзиното детство. Градот кој давал леб и живот, а ги јадел душите на своите луѓе. За идејата за филмот кажува е дел од нејзините сништа. Има многу имагинарни елементи во “Јас сум од Титов Велес”, но првичната инспирација беше еден извештај кој Теоона го прочитала во црната хроника за смртта на две сестри во една опожарена куќа.

Дело без компромиси

Главниот товар на “Јас сум од Титов Велес” го понесе Лабина Митевска, која освен улогата на Афродите е и продуцент на филмот. Но, пред се, Лабина брилјира пред камерите и Афродита е веројатно едно од нејзините најзрели и најдобри остварувања за кое вели дека ништо не би менувала и е многу задоволна од целокупнниот филм, кој е создаден без компромиси. И, како кажува: тое филм кој се помни, кој останува во стомакот. А, на филмот без сомнение ќе се сеќаваат сите кои го видоа, а најмногу екипата која го создаде, доколку в сабота вечер, добие некое од одличјата што се доделуваат во категоријата Панорама, а во чија конкуренција годинава се триесеттина филмови од 23 држави.