Јанкуловска, Јанакиески и Мијалков си заминуваат од владата | Северна Македонија | DW | 12.05.2015
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Јанкуловска, Јанакиески и Мијалков си заминуваат од владата

Премиерот Груевски се откажува од услугите на министрите за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за транспорт Миле Јанакиески и шефот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков

Премиерот Никола Груевски се откажа од услугите на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и и шефот на УБК, Сашо Мијалков.

Груевски вечерва до Собранието експресно доставил и предлог за избор на двајца нови членови на Владата. За нов министер за внатрешни работи се предлага Митко Чавков, а за министер за транспорт и врски Владо Мисајловски. Чавков е актуелен директор во Бирото за јавна безбедност, а Мисајловски е директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски седницата за избор на новите членови на Владата ја закажал за утре во 13 часот.

Тројцата разрешени функционер важеа за најблиски соработници на Груевски во владата и се дел од неа уште од доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година. Мијалков е и братучед на Груевски.

„Во интерес на Македонија, гледајќи дека доколку го направам ова ќе помогнам во надминување на политичката криза, која ја наметна опозицијата со своето недржавничко однесување, а свесен дека вистината и аргументите се на наша страна и дека сето тоа со тек на време ќе станува уште појасно“, наведува Мијалков во оставката.

И Јанкулоска и Јанакиески во образложенијата за оставките, наведуваат дека си заминуваат како резултат на длабоката политичка криза во земјата и објавените прислушувани разговори од страна на опозицијата.

Реклама