Јанева во притвор, истрагата за „Рекет“ продолжува | Северна Македонија | DW | 22.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Јанева во притвор, истрагата за „Рекет“ продолжува

Специјалната обвинителка Катица Јанева од синоќа е во притвор во затворот „Шутка“. Обвинителката Русковска вели дека истрагата продолжува во потрага по натамошни докази за скандалот.

Skopje Verhaftung von Sonderstaatsanwältin Katica Janeva (DW/P. Stojanovski)

Јанева (во автомобилот) вчера беше пренесена во притвор во Шутка

Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева доби 30 дневен притвор и синоќа беше пренесена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Јавното обвинителство ја осомничи Јанева дека ја злоупотребила службената положба и стекнала материјална корист во случајот „Рекет“ заедно со другите двајца осомничени, Бојан Јовановски и Зоран Милевски. Двајцата се повеќе од 30 дена во притвор, а истрагата продолжува натаму.

„На првите двајца осомничени, им беше одобрен притвор по наше барање. Истрагата продолжува и ќе видиме каде ќе не однесе, но не сакам оваа истрага да биде реалити шоу", изјави синоќа Русковска, додавајќи дека немала политички притисоци за случајот.

Русковска објасни дека повикувањето на Јанева на распит ден пред апсењето било „давање шанса“ на Јанева да ја објасни својата позиција.

„Сметав дека треба да ѝ се даде шанса на колешката да даде свое видување и тоа беше причинита. Предметот е многу експониран во јавност, едноставно сакав да ја слушнам што сака да каже. Не ја ислушав како сведок. Не би барала притвор без доволно докази. Во меѓувреме, се собраа доволно докази, кои укажуваат на кривичното дело“, рече Русковска.

Nord-Mazedonien Skopje | Staatsanwaltschaft zu Festnahme Kativa Janeva, Sonderstaatsanwaltschaft (DW/P. Stojanovski)

Јавните обвинители Љубомир Јовески и Вилма Русковска на вчерашната прес-конференција

На Јанева денеска ќе и биде дозволено, со полициска придружба, да замине во Гевгелија на погреб на нејзината мајка која почина вчера, токму на денот кога беше приведена.
Обвинителката Русковска побарала од застапникот на Јанева, адвокатот Стеван Павлевски, да ги откаже другите полномоштва доколку сака да ја застапува специјалната обвинителка. Павлевски, имено, е бранител и на еден од осомничените во случајот „Империја“ на СЈО. 
Јанева е осомничена дека за себе стекнала материјална корист од 298 илјади денари, а на другите двајца осомничени им овозможила да се стекнат со 1,5 милиони евра. Обвинителството се уште истражува каде завршиле овие пари. Мебелот кој го добила Јанева на подарок од Бојан Јовановски, пак, се уште не е платен во продавницата во Скопје од каде што бил набавен. 
Претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев вчера за ДВ изјави дека приведувањето на Јанева е „најцрн ден за Обвинителството во Македонија“. 
„Кога велам најцрн ден, тоа не е заради апсењето на Јанева, туку заради тоа што се случувало во СЈО, ако се случувало. Недозволиво е тој што има надлежност да гони криминал, да се впушта во криминал. Но дали е така, ќе оставиме да се докаже во судска постапка“, вели Штерјев.  

 

DW.COM

Реклама