Шумахер не е веќе во кома | Теми | DW | 16.06.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Теми

Шумахер не е веќе во кома

Менаџерката на поранешниот повеќекратен првак во Формула 1, Михаел Шумахер, кој по несреќата на скијање со месеци се наоѓаше во кома, соопшти дека тој ја напуштил болницата во Гренобл.

Михаел Шумахер веќе не во кома. Сабине Кем, менаџерката на поранешниот повеќекратен првак во Формула 1, Михаел Шумахер, на прес-конференција соопшти дека тој веќе ја напуштил болницата во Гренобл, каде над половина година се наоѓаше по несреќата при скијање.

„Михаел Шумахер ја напушти болницата во Гренобл за да ја продолжи својата долга фаза на рехабилитација. Тој веќе не е во кома“, соопшти Кем.

„Неговото семејство сака да им се заблагодари исклучително на лекарите, негувателите, медицинските сестри и терапевтите во Гренобл, како и на екипата за итан помош на местото на несреќата, сите тие завршија извонредна работа“.

Сабине Кем пренесе од семејството зборови на благодарност и до сите луѓе кои на Михаел му испраќаа добри желби за оздравување додека тој беше во болница.

Семејството на Шумахер замолува за разбирање што местото каде тој ќе биде на рехабилитација нема да биде соопштено во јавноста.

45-годишниот Шумахер тешко се повреди на 29 декември минатата година додека скијал во француското одморалиште Мерибел. Двапати беше опериран во болницата во Гренобл.