1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Russland | Kohleabbau in Zarechny
Ископување јаглен во Заречниј, РусијаФотографија: Maxim Kiselev/TASS/dpa/picture alliance

Што ќе значи целосна забрана за увоз на руски јаглен?

Томас Колман
9 април 2022

Германија е зависна не само од руски гас и нафта, туку во голема мера и од руски јаглен. Увозот на овој енергенс може да се замени побрзо отколку нафтата и гасот, но за тоа е клучен тајмингот.

https://p.dw.com/p/49dEg

По обелоденувањето на злосторствата во украинскиот град Буча, ЕУ одобри нови казнени мерки, односно се договори за запирање на увозот на руски јаглен, дрво и водка, како и други санкции против Русија. Ембаргото за увоз на јаглен би значело губење на околу четири милијарди евра за Русија. 

Секој втор тон јаглен од Русија

Според Здружението на увозници на јаглен, речиси половина од 31,82 милиони тони што Германија ги увезла во 2020 година дошле од Русија. Далеку помали количества се увезени од САД и Австралија. Бројките вклучуваат како камен јаглен, така и кокс, кој се користи во производството на челик, на пример. Според Министерството за економија, пред војната во Украина, рускиот јаглен сочинувал околу 50 отсто од германската потрошувачка на камен јаглен.

70% од јагленот во ЕУ е од Русија 

На ниво на ЕУ, статистиката покажува дека речиси 45% од увозот на јаглен е од Русија. Исто е и во однос на гасот. Уделот на увозот на руска нафта е околу 25%.

Кога станува збор за увоз на јаглен за термоцентралите, кој се користи за производство на електрична енергија, рускиот јаглен учествува со речиси 70 отсто, пресмета бриселскиот тинк-тенк Бругел. Помеѓу 20 и 30 проценти од увезениот кокс што се користи во производството на железо и челик доаѓа од Русија.

Infografik Deutsche Steinkohle-Importe aus Russland DE
Германски увоз на јаглен од Русија 1990-2021 (во 1.000 тони)

Германија, Полска и Холандија најголеми потрошувачи на јаглен

Заедно со Полска и Холандија, Германија е еден од најголемите потрошувачи на јаглен. Во периодот од јануари до октомври 2021 година, 53 отсто од германскиот увоз на јаглен доаѓа од Русија, 17% од САД, 13% од Австралија, 5% од Колумбија и помали количества од Канада, Полска, Јужна Африка и Чешка. Но, уделот на рускиот јаглен веќе е намален. Како што соопшти Министерството за економија во Извештајот за енергетска безбедност, објавен кон крајот на март, поголемиот дел од електраните до почетокот на летото целосно ќе го отфрлат рускиот јаглен или значително помалку ќе го користат.

И големите индустриски корисници на јаглен, особено челичната индустрија, веќе ги менуваат своите договори за снабдување. Како резултат на промените во договорите, зависноста од јаглен ќе се намали од 50 на околу 25 проценти во следните неколку недели, што постепено ќе стапува на сила од април: „До есен Германија може да биде независна од рускиот јаглен.“

Итно стопирање на увозот би било проблематично

Во извештајот на Министерството за економија испратен до Комисијата за економија на Бундестагот, во кој имаше увид новинската агенција ДПА, се вели дека синџирите на снабдување сè уште не се адаптирани, така што итно запирање на испораките може да доведе до недостиг на јаглен за неколку недели. Ова, пак, може да има влијание врз секторот за електрична енергија.

Ако увозот на руски јаглен се прекине набрзо, за производство на електрична енергија ќе мора да се користат постоечките резерви: „Овие резерви се доволни за околу четири до шест недели, во зависност од работа на електраните“.

Indonesien l Kohlefrachter stehen Schlange bei Samarinda
Индонезија е најголем извозник на јаглен во светотФотографија: Willy Kurniawan/REUTERS

Достапни се алтернативни добавувачи

Во однос на јагленот, за разлика од нафтата и гасот, Германија може многу побрзо да се ослободи од зависноста од Русија. Увозот на камен јаглен од Русија за неколку месеци може да биде целосно заменет со набавка од други земји.

Особено САД, Колумбија и Јужна Африка може да испорачуваат значително повеќе јаглен, објави на почетокот на март Здружението на увозници на јаглен. Има функционален и ликвиден светски пазар на јаглен, каде се достапни доволни количества. Германија, исто така, не зависи од посебни квалитативни својства на рускиот јаглен, бидејќи различните квалитети на јагленот лесно може да се измешаат за да се исполнат потребните технички параметри.

Германски лигнит со поголем удел од камениот јаглен

Единственото фосилен енергенс во Германија кој не мора да се увезува е лигнитот. Според Сојузот за лигнит во Германија, од 107,4 милиони тони лигнит ископани во 2020 година, речиси половина доаѓа од Рајнска област, околу 40 отсто од Лужица и речиси 12 отсто од централна Германија. Според AG Energiebalancen, лигнитот учествувал со 9,3 отсто во вкупната потрошувачка на примарна енергија во 2021 година. Уделот на камениот јаглен бил 8,6 отсто, а природниот гас имал удел од 26,7 отсто.

Infografik Top 10 der Größten Kohleexporteure weltweit DE
Десетте нејголеми извозници на јаглен во светот во 2020 година (во милиони тони)

Речиси една третина од енергијата е од германски извори

Германија во 2020 година можела од свои извори да покрие околу 29% од потребите за енергенси, наведува Светскиот енергетски совет, меѓународно здружение на асоцијации и компании од браншата. Според овој совет, обновливата соларна и енергијата од ветерници, како и лигнитот се единствените релевантни домашни извори на енергија. Останатите 71% се увезуваат: камен јаглен стопроцентно, нафта и гас повеќе од 95%.

Најголеми потрошувачи на јаглен - производителите на челик и струја

Речиси половина од јагленот кој се троши во Германија оди на производството на челик. Другата половина се користи за производство на струја и топлинска енергија. Само мал дел оди за топлинска енергија во индустриските погони. Лигнитот кој се добива од германски наоѓалишта се користи во најголем дел за производство на струја.

Согорувањето на јаглен е меѓу наголемите создавачи на јаглерод диоксид, кој ѝ штети на климата. Во Германија сѐ уште има централи со камен јаглен и лигнит. Домашниот лигнит, кој го користи на пример РВЕ во Рајнската област, е уште поштетен по климата отколку камениот јаглен. Предноста е што не мора да биде увезуван, туку се добива во домашните рудници и се користи за производство на струја.

Цената на увезениот јаглен, исто како и цените на гасот, во изминатите месеци експлодираа. Аналитичарите на инвестициската банка УБС сметаат дека во следните една до две години нема да има релаксирање во тој дел.

Deutschland Braunkohleabbau l  Lützerath, Umsiedlung l Tagebau Garzweiler
Ископување лигнит во Гарцвајлер, ГерманијаФотографија: Oliver Pieper/DW

Концерните се преориентираат на нови снабдувачи

Германскиот енергетски гигант ЕнБВ на прашање на новинската агенција Ројтерс соопшти дека засега снабдувањето се одвива во најголем дел нормално. Концернот располагал со резерви за голем дел од тековнава година и на тој начин е обезбедено и снабдувањето на клиентите со струја и топлинска енергија. ЕнБВ во моментов работи на забрзување на набавката од алтернативни снабдувачи.

„Затоа сметаме дека ситуацијата е под контрола дури и во случај да се прекине испораката на руски јаглен", велат од концернот. Среднорочно би можеле на испораките од Колумбија, Јужноафриканската Република и САД да се надоврзат и договори со Австралија, Африка и Азија.

Последици за плановите на Германија за откажување од јагленот

2038 година е крајниот рок пропишан со закон. Но, владеачката коалиција сака „во идеален случај” да ја постигне целта до 2030 година, што според Министерството за економија и не е ставено под прашање. Сепак, дали ќе се постигне целта зависи од тоа дали ќе успее планираното масовно зголемување на користење зелена енергија - соларна и енергија од ветерници. Во контекст на војната во Украина треба повеќе централи кои се исклучуваат да се чуваат како резерва, бидејќи значењето на јагленот може повторно да порасне.

„Зелено“ производство на челик - со водород наместо јаглен

Последици за заштита на климата

Краткорочно може да се очекува дека Германија на тој начин ќе емитува повеќе стакленички гасови, вели државниот секретар за клима, Патрик Грајхен. „На пазарот за струја во 2022-ра очекувам малку зголемени емисии, но тоа не значи дека истото важи за севкупниот биланс на стакленички гасови", вели Грајхен. Тој уверува дека владата е дотолку повеќе со намера да ја унапреди заштитата на климата.

И еколошката организација Гринпис проценува дека следната зима, 2022/23, во Германија централите на јаглен ќе ги заменат оние на гас од економски причини. Причина за тоа се очекуваните високи цени на гасот, вели експертот на Гринпис за клима и енергетика, Карстен Шмид. Како нужна последица од тоа ќе се зголемати емисиите на јаглерод диоксид.

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Секоја година на 9-ти декември се одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата

Ден за преиспитување: Поглед врз корупцијата

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница