Што треба да се знае за најдолгиот тунел во светот? | Свет | DW | 01.06.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Што треба да се знае за најдолгиот тунел во светот?

Голема прослава за огромно технолошко достигнување. Швајцарија денеска го отвора најголемиот тунел во светот. Изградбата чинеше 21,5 милијарди евра и беше завршена една година пред предвидениот рок.

Изградбата траеше 17 години: железничкиот тунел Готард со 57 километри е најдолгиот тунел во светот. Ги поврзува местата Ерстфелд и Бодио во швајцарските кантони Ури и Тесин. Трасата е рамна, без значајни нагорнини или тесни кривини.

Патничките возови низ новиот тунел ќе патуваат со брзина од 200 километри на час, додека товарните со околу 100. Можната максимална брзина изнесува 250 километри на час за патничките и 160 километри за товарните возови. До 2020 година за патување меѓу Цирих и Лугано ќе бидат потребни 45 минути помалку.

Infografik Gotthard-Basistunnel Englisch

Наместо 180 товарни возови на ден - колку што минуваа низ стариот Готард тунел, сега ќе можат да сообраќаат 260. Кон тоа се придодаваат уште 65 патнички воза. Рамната траса на само 530 метри надморска височина овозможува сообраќање на подолги композиции со поголем товар, помалку локомотиви и пократки времиња за патување.

Повеќе факти за најдолгиот тунел во светот, проследени со возбудливи фотографии погледнете во следнава галерија:

DW.COM

Реклама