Што се крие зад корона-протестите во Европа? | Европа | DW | 10.12.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Европа

Што се крие зад корона-протестите во Европа?

Со заострувањето на мерките против пандемијата, во многу европски градови повторно има засилени протести. Што им е заедничко, а што различно на луѓето кои демонстрираат и зошто тие нема да запрат?

Österreich Demonstration gegen Corona-Maßnahme in Wien

Протести против мерките за сузбивање на пандемијата во Виена (архива)

Инциденца над 400, 500, па и многу повеќе - со зголемувањето на бројот на инфицирани со коронавирус многу европски земји повлекоа кочница и воведоа построги мерки, како маски и за децата, делумни локдауни, или обврска за вакцинирање на вработените во одредени занимања. Тоа налути многумина. Со недели десетици илјади демонстранти повторно излегуваат на протести против новите корона-правила. Што навистина ги покренува на протести и во која земја во моментов противниците на мерките против пандемијата се особено силни?

Се чини дека особено „врие“ во Германија и соседните земји. Неколку примери од поново време: Во австрискиот главен град Виена, според полицијата, неодамна околу 40.000 луѓе демонстрираа против делумниот локдаун и најавената обврска за вакцинирање. Притоа дојде и до безредија.

Минатиот викенд во белгискиот главен град Брисел околу 8.000 демонстранти протестираа пред седиштето на Европската унија и притоа дојде и до улична борба со полицијата. На протестите во Луксембург беше пробиена оградата на еден божиќен пазар, каде пристап беше предвиден само за вакцинирани и тестирани лица.

Протестите ескалираа и во Холандија. Стотици луѓе пред неколку недели запалија велосипеди во Ден Хаг и ја гаѓаа полицијата со камења и други предмети. Во текот на изминатите денови, меѓутоа, протестите беа повторно мирни.

Противниците на мерките против короната повторно се мобилизираат и во Германија. Собири има во многу градови. Во покраината Саксонија, поради актуелната забрана за собирање, се повикува на т.н. прошетки. Тажен врв на протестите во последно време беше маршот со факели пред куќата на министерката за здравство на Саксонија, Петра Кепинг во Грима.

Кој демонстрира?

Разочарани од политиката, „кверденкери“, езотерици, противници на вакцинирањето - протестите против заострените мерки против короната привлекуваат многу различни групи. Професорот по политика Марк Хоге од Католичкиот универзитет Левен, ги споредува демонстрантите во Белгија со „жолтите елеци“ во Франција и во нив гледа „комбинација од многу различни социјални групи од кои секоја си има своја мотивација“.

Слично е и во Германија: „Она што ги обединува е фрустрацијата - не само поради корона-политиката, туку и поради демократијата, политичките институции. Тоа достигнува до антопофозофското милје и нивниот став против модерното време“, објаснува социологот Јоханес Кис од Универзитетот Зиген во разговор за ДВ. „Она што го гледаме насекаде е што актерите од десниот сепктар се на чело на протестите, тие организираат и мобилизираат.“ Тука ништо не е променето со месеци. „Наративот 'Десните го киднапираат движењето' не е точен, зашто тие се дел од сето тоа уште од почетокот. И, уште од почетокот тоа за никого не беше проблем“, вели Кис.

Deutschland Querdenken-Kundgebung in Hannover

Службата за заштита на уставниот поредок проценува дека обврска за вакцинирање ќе го зајакне агресивниот став на кверденкер-движењето (фото: демонстрации на кверденкер-движењето во Хановер, архива)

И на протестите во Виена се присутни членови на десноекстремното Идентитетско движење, анализира ОРФ. Десничарската партија ФПО на својата интернет страница ги рекламира протестите со т.н. „календар на демонстрации“, кој, според сопствени наводи, „постојано се актуелизира“. Поддршка доаѓа и од ултра конзервативните католички кругови. Еден од нивните гласноговрници е активистот Александер Чугуел, кој инаку ги критикува и заштитата на климата и бракот за сите и се профилира како „заштитник на животот“.

„Работите секогаш зависат од контекстот и политичката култура во една земја“, вели Кис. Во Холандија, на пример, протестираат и припадници на евангелистичкиот спектар и хулигани. „Тоа во другите земји го нема во таква форма.“

Големи разлики има и во границите на една држава. Според студија на Универзитетот Базел, направена по налог на фондацијата „Хајнрих Бел“, која е блиска до Зелените, на крајот на ноември 2021 година корените на кверденкер-движењето на југозападот од Германија лежат пред сѐ во левичарско алтернативното милје, додека во источна Германија значително е поголем бројот на приврзаници на деснопопулистичката партија АфД.

Повеќе: 

Ковид-рестрикции: Бојно поле Ротердам

Италија шокирана од насилството на антиваксерските протести

Безредија во Европа поради коронавирус-рестрикциите и хаосот со вакцините

Што сакаат демонстрантите?

„Начелно може да се каже дека секогаш се работи за многу, многу повеќе од короната“, вели Кис. Така, во Франција протестите само на прв поглед беа поврзани со мерките против короната. „Всушност секогаш се работеше за Макрон и неговата политика:“ И во Холандија протестите се поврзани со критика на социјалната политика. „Не треба да се потценува опасноста од тоа буре барут и колку лесно тоа може да се запали, на пример преку мерките против короната.“ И во германската покраина Саксонија се работи пред сѐ за незадоволство од политиката. „Таму практично нема никаква доверба во политиката.“

Аксел Залхајзер, коавтор на Тириншки монитор, истражување кое се спроведува секоја година, за ДВ оценува дека се работи за „поводи за мобилизација“. „Деснорадикалните актери го зедоа овој повод (короната.н.з) за да шират тези против целиот (политички) систем.“

Niederlande Anti Coronamaßnahmen Demonstration

Запален скутер по протестите против делумниот локдаун во Ротердам, Холандија, 20.11.2021

Ќе има ли уште поголеми немири?

Експертите не се оптимисти: „Ситуацијата се влошува со месеци“, вели Кис. Дека протестите ќе бидат порадикални претпоставуваат и министрите за внатрешни работи на германските покраини, а Службата за заштита на уставниот поредок предупредува дека „обврска за вакцинирање ќе го зајакне агресивниот став на кверденкер-движењето“. Социологот Кис се сомнева дека ќе има уште повеќе насилство. „Против илегалните протести требаше да се преземат построги мерки порано, со тоа што, на пример, ќе се изрекуваа парични казни и подоследно ќе се распуштаа собирите. Сè се остави да трае долго време, особено во Германија“.

Залхајзер смета дека протестите ќе продолжат и по завршувањето на пандемијата. „Централните актери кои поттикнуваат радикализација имаат интерес да бараат друга тема за мобилизација.“ Таква тема е на пример климатската политика. А, тоа, оценува Залхајзер, веќе сега е во подготовка.