Што се дише на Косово? | Свет | DW | 29.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Што се дише на Косово?

Луѓето на Косово буквално го гледаат воздухот којшто го дишат. Дури 97% од електричната енергија се добива од јаглен. Но, статистики за болестите кои тоа ги предизвикува - не постојат.

Kosovo Kohlekraftwerk in Obilic (Reuters/H. Reka)

Термоцентралата во Обилиќ

Фламур Марку е пулмолог од Приштина. Тој добро знае што дишат луѓето на Косово, зашто дури 97% од струјата се добива од јаглен:

„Воздухот всушност не е загаден само за луѓето во Обилиќ, туку и за оние во околните градови. На Косово нема точна статистика на болести предизвикани одзагадувањето на воздухот. Од загадувањето се главно погодени децата, но многу истражувања покажуваат дека од загадувањето на воздухот се погодени и многу бремени жени и поради тоа многу деца може да се родат со различни здравствени проблеми. Главни фактори кои предизвикуваат загадување на воздухотсе озонот, јаглерод моноксидот и партикуларните честички од 2,5 до 10 микрони кои може да поминат низ дишните канали и крвта и да предизвикаат различни проблеми.“

Висар Аземи е стручњак за енергетика од Balkan Green Foundation. Тој оценува дека премин на друг вид енергија не е лесен. 

Повеќе во видеото на оваа тема:

 

Гледај видео 02:41

#dw_BalkanBooster: Што се дише на Косово?

Што велат граѓаните кои живеат буквално до термоцентралата во Обилиќ? Погледнете овде:

Гледај видео 02:06

#dw_BalkanBooster: „Не можеме сите да заминеме“

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама