Што сведочеше Богоески? | Македонија | DW | 27.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Што сведочеше Богоески?

Во пресрет на новото рочиште по приватната тужба на Али Ахмети и Муса Џафери против ексразузнавачот Слободан Богоески, случајот и натаму предизвикува големо внимание. Богоевски тврдеше дека двајцата добиле мито.

Тужбата на лидерот на ДУИ, Ахмети и поранешниот вицепремиер Џафери се однесува на изјавите на Богоески дадени пред истражителите на американската Комисија за хартии од вредност (СЕК) кои пред судот во Њујорк водат процес против поранешните менаџери на „Маѓар Телеком“, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Марваи. 
Богоевски тврди дека двајцата високи функционери на ДУИ примиле мито од „Маѓар Телеком“ од по 2,5 милиони евра. Се работи за периодот 2005-2006 година, кога ДУИ беше во коалиција со СДСМ. Во сведочењето на Богоески се споменуваат и други водечки политички од тој период, меѓу нив, и експремиерот Владо Бучковски. Досега, сите споменати ги отфрлија изјавите на Богоески како лажни и неточни. 
Но, СЕК го смета сведочењето на Богоески за клучно во случајот против унгарските менаџери. Изјавите на Богоески беа отворени за јавноста во септември 2015 година и предизвикаа сензација во македонската јавност. По тужбата од Ахмети и Џафери, СЕК испрати писмо до македонските власти во кое бара заштита на Богоески поради неговата улога како сведок во постапката. Богоески ја толкуваше тужбата од двајцата функционери на ДУИ како обид за притисок и влијание врз судската постапка. 

„Самата тужба за клевета за исказ даден во судска постапка не е дозволена, тоа добро го знаат и тие и нивните полномошници. И според американското и според нашето законодавство тоа е казниво според кривичниот законик, казниво влијание врз сведоци во судска постапка“, изјави Богоески по првото рочиште одржано во Основниот суд Скопје 2 во октомври 2016 година.
 

DW.COM

Реклама