Што открива израелската студија за ефикасноста на вакцините во реалниот живот? | Свет | DW | 26.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Што открива израелската студија за ефикасноста на вакцините во реалниот живот?

Вакцините на тест. Колку се реално ефикасни против новите варијанти на корона вирусот? Студија со испитаници од Израел буди надеж, но и претпазливост.

Пред неколку месеци појава на Ковид-19 во старечки дом веројатно ќе беше катастрофа. Како што стојат нештата, таков случај во Германија сега е тест во реални услови за вакцините, катастрофа од која може да извлечат поука и научниците и општеството.

Во местото Лехинген, во близина на градот Келн, 17 лица во старечки дом вклучително и дел од персоналот се заразени со нова варијатна на корона вирусот. 14 од тие лица се целосно имунизирани. Во моментот кога е пишуван текстов сите кои излегле позитивни имале благи или никакви симптоми. Тоа што може да се извлече како заклучок е дека вакцините не спречуваат по секоја цена инфекција, но спречуваат тешки симптоми. Од институтот Роберт Кох велат дека тоа важи за вакцината на Бионтек/Фајзер во 95 проценти од случаите.

Во таа смисла вакцината изгледа го постигнала очекуваниот ефект. До сега успешно превенира појава на потешка форма на болеста или потенцијално фатални симптоми и последици кај старите лица и персоналот. Но, некои научници решија да се занимаваат со ефикасноста на вакцините, особено во однос на варијантите на вирусот.

Што е со варијантите на вирусот?

Според расположливите информации, станарите во домот се заразиле со сојот Б.1.1.7. Тој првично беше откриена во Велика Британија и од тогаш се наметна како доминантна форма на вирусот ширум светот, вклучително и во Германија каде водечкиот епидемиолог Кристијан Дростен порача дека “веќе и нема потреба да секвенционираме."

Повеќе:

-Проверка на фактите: Колку е ефикасна Спутник V?

-Студија: Вакцината на Бионтек/Фајзер „екстремно ефикасна“

-Студија: Вакцината на АстраЗенека спречува пренос на коронавирусот

Студија објавена во медицинскиот журнал Лансет сугерира дека британскиот сој не е посмртоносен од оригиналниот вирус, но се смета дека е многу повирулентен.

Други варијанти кои предизвикуваат загриженост се детектирани во Јужна Африка, Бразил и неодамна варијантата Б1617, за која се смета дека е виновник за растечкиот број случаи во Индија.

Гледај видео 02:15

Индија: Новиот бран на коронавирус наликува на цунами

Прашањето што ги мачи сите

Постои загриженост дека вакцините во оптек кои беа направени против првичната форма на вирусот, можеби не се толку ефикасни против мутираните варијанти. Научниците се обидуваат да направат проценка со помош на лабораториски студии. Но, резултатите за сега се различни. 

Има индиции дека постоечките вакцини може да се ефиксни против британскиот сој, но помалку ефикасни против јужноафриканскиот.

Сепак, мора да се забележи дека е тешко целосно да се копираат условите од реалниот живот во лабораторија. Па така научници во Израел се обидуваат да го решат проблемот преку студии на ефикасноста на вакцината за различните варијанти во реални услови.

Професорката Ади Стерн од Шмунис школата за биомедиски и истражувања на канцер при универзитетот во Тел Авив е дел од тимот кој ја спроведе студијата.

Во електронска пошта за ДВ Стерн вели дека таа и колегите откриле „докази во реалниот свет дека вакцината на Бионтек/Фајзер има намалена ефикасност против одредени варијанти во определен временски период по вакцинирањето”.

Од „благо загрижувачка” до „потврдена” ефикасност

Научниците во студијата вклучиле вакцинирани и невакцинирани луѓе според возраст, пол, етничка припадност и место на живеење, со цел да се осигура што порелевантна споредба.

Тие потоа ја споредувале фреквентноста на различните мутации меѓу вакцинираните и невакцинираните испитаници. Научниците сакале да видат кои варијанти на вирус имаат поголема веројатност да ја „пробијат“ бариерата на заштита од вакцината.

Според научниците јужноафриканската мутација има поголеми шанси да направи „пробив“ кусо време по примената втора доза отколку британската.

За професорката Стерн намалената ефикасност во однос на јужноафриканската мутација е „благо загрижувачка“. Но, сепак нејзината студија има охрабрувачки наоди.

Гледај видео 15:47

„Вакцината е единствено решение за излез од Ковид-кризата“

„Во суштина, нашата студија сугерира дека ефикасноста на вакцината останува многу висока против двете варијанти на две недели по ревакцинацијата,“ пишува Стерн.

Наодите во студијата не се однесуваат на бразилската П.1 варијанта ниту пак за Б1617 мутацијата од Индија, бидејќи тие не биле пронајдени кај ниту еден од учесниците во студијата.

Студијата е спроведена во соработка на Универзитетот Тел Авив и Клалит Хелт Сервисес, најголемата организација за здравствени услуги во Израел.